13.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаУште една лажна вест кружи на интернет: ''Скопјанец бил приморан да потпише...

Уште една лажна вест кружи на интернет: ”Скопјанец бил приморан да потпише во болница дека има коронавирус”

На социјалните мрежи масовно се шири лажна информација дека скопјанец кој
имал напад на слепо црево бил одбиен да биде хоспитализиран во ГОБ „8 септември“и на Клинички центар без неговиот син да
потпише документ дека татко му има коронавирус.

„А1он“ пренесува дека провериле низ болниците и клиниките дали пациент со име Јордан Николовски кој има 62 години се јавил на преглед или е хоспитализиран како што се тврди во објавата.
Директорот на ГОБ „8 септември“, Христијан Костов, за „А1он“ вели дека во
изминатите седум дена нема примено на преглед таков пациент: „Воопшто не е
внесен во системот на податоци на болницата“.
Пациент со такво име и презиме не е регистриран ниту во Ургентниот центар, од
каде велат: „Не е регисрирано вакво лице во дневникот на прегледи, ниту во ‘Мој
термин’“.

Директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ, најпрво тврди дека
таков документ не постои, а по проверката вели: „Ваков пациент не е примен кај нас на клиника“.
Од Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, поранешна градска болница, велат дека ниту кај нив немало пациент со ова име и презиме, ниту пак таков случај.
Информацијата која масовно се споделува е ЛАЖНА ВЕСТ.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...

Автопатот Кичево – Охрид како легендата за Радин мост – Дење го градат, ноќе паѓа

Автопатот Кичево – Охрид станува историски, како Радин Мост во Кратово. Според легендата, го ѕидале девет браќа. Дење го граделе, ноќе паѓал. За да го...