11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче: Испраќам повик до Агатаангел да го повлече зборот за одење во...

Филипче: Испраќам повик до Агатаангел да го повлече зборот за одење во црква за задушница !!!!

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека повикот на епископот на Повардарската епархија Агатангел верниците масовно да дојдат во црквите за Задушница е спротивен на се она што го прават здравствените власти за спречување на ширењето на заразата на коронавирус, пренесува НОВА.

Филипче побара од епископот да го повлече повикот за да не дојде до загрозување на здравјето на граѓаните.

„Го повикувам епископот да го повлече повикот, тој е спротивен на сѐ она што го правиме и спротивно на уредбите на Владата. Ако тоа се случи, сериозно ќе го загрози здравјето на сите таму“, кажа Филипче на промоцијата на 20 респираторни машини од донација од Европската Унија.

Повардарската Епархија на МПЦ-ОА денеска ги повика верниците од црквите во велешко, кавадаречко, неготинско и гевгелиско, масовно да ги посетат храмовите за Задушница и да носат со себе варена пченица, црвено вино и список со своите претходно упокоени блиски роднини и пријатели.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...