5 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаНа Атиџе Муратова и се оствари сонот: Денес ја сними „Чекор по...

На Атиџе Муратова и се оствари сонот: Денес ја сними „Чекор по чекор“ а наскоро ќе снима и реклама за мед !!!

Нашата хероина од документарецот „Медена земја“, Атиџе Муратова дојде во Скопје, влезе во студио и ја сними познатата нејзина песна „Чекор по чекор“, која се пееше и во Холивуд. Аранжман за песната направија Љупчо Соколовски и Илчо Јованов, а снимена е во студиото „City sound“.

Атиџе е пресреќна, соништата и е остваруваат.

-Прв пат сум во студио ама сега веќе се навикнав. Снимав дел по дел, и не грешев. Имам уште две песни зборува Атиџе за ММС. Многу бев возбудена и среќна. Требаше поодамна да ги снимаме ама поради короната се забави. Ќе имам настап на денот на пчеларите, а може да снимам и реклама за мед. Многу се радувам. Ете, никогаш не се знае што ти носи животот. Од сиромаштво, па сите патишта ми се отворија. Најважно е човек да биде добар, да нема лоша мисла, вели возбудено Атиџе.

Извор: MMС

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...