13.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаДеветнаесет години од загинувањето на тројцата бранители кај Гајре

Деветнаесет години од загинувањето на тројцата бранители кај Гајре

Тројцата воени резервисти, битолчаните Влатко Миленковски и Благојче Силјановски, како и Пеце Матичевски од Новаци, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот Корпус, загинаа на 5 јуни 2001 година, во близина на селото Гајре.

Во нивна чест денес пред споменикот


„Ангел“ во паркот кај Градскиот часовник и пред споменикот во касарната во Битола, посветен на загинатите бранители, цвеќе положи градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, претставници од Советот на Општина Битола, градоначалникот на Општина Новаци и претставници од нивниот совет, семејствата на загинатите, припадници на АРМ, Сојузот на борци, припадници на Резервниот состав, политичките партии и други лица.

„19 година измина од немилиот настан, чувствата не одминуваат дека нашите сограѓани недостигаат. Ваквите моменти малку повеќе треба да не отрезнуваат за тоа како се однесуваме и во чувањето на споменот кон нив, меѓутоа и во возвраќањето на долгот кон сите нив, со нашите заложби да го подобриме општеството во кое што живееме. И во оваа прилика изразувам сочувство кон семејствата кои ги загубија тие млади животи за кои нема надоместок, меѓутоа упатувам апел до сите млади да се вградат во нашето општество онака како што треба да се вгради младината и да бидат негови двигатели“, рече градоначалнинчката Наташа Петровска.

Пред присутните се обрати и Митре Солунчевски од подрачното одделение на Министерството за одбрана во Битола.

„Одделението за одбрана традиционално од 2003 година, го одржува овој настан посветен на нашите сожители кои го изгубија животот во 2001 година во извршување на борбени задачи во составот на резервниот состав на АРМ. Оваа година поради вонредната состојба ќе има само полагање на цвеќе, а нема да се одржи Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко, Благојче и Пеце 2001“, истакна Солунчевски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...

Грк починал во казино во Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил...

79-годишен дедо натепал полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. – На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го...

Македонија му е во срцето: Ова е внукот на Јане Сандански

На собирот во Мелник пред неколку денови имаше стотици присутни Македонци.Меѓу нив беше и внукот на Јане Сандански. Тој вели дека Македонија му е...