8.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаСдсм и Зоран Заев ја изгуби довербата кај граѓаните, само 1% Заев...

Сдсм и Зоран Заев ја изгуби довербата кај граѓаните, само 1% Заев е пред Мицкоски на новата анкета од ИРИ..

Заев и Мицкоски со речи си идентична доверба кај граѓаните, покажува најновото истражување на јавното мислење спроведено од истражувачкиот центар на Меѓународниот републикански институт ИРИ.

Според ИРИ, во лидерот на СДСМ Зоран Заев доверба имаат 8% од анкетираните додека на Мицкоски му веруваат 7%. Во албанскиот политички блок, Села се израмни со Ахмети. Истражувањето покажува дека и двајцата имаат по 2% доверба кај граѓаните. 2% се уште имаат доверба и во екс премиерот Никола Груевски.

Близу две третини од граѓаните сметаат дека Македонија во моментов се движи во погрешна насока. Ваков став имаат 61% од анкетираните, додека 33% сметаат дека Македонија оди по правиот пат.

Споредено со земјите од регионот, само во Босна и Херцеговина граѓаните имаат полоши перцепции. Во сите останати земји, процентот на граѓани кои сметаат дека државата оди во погрешна насока е значително помал.

Според граѓаните, најголем проблем со кој се соочува Македонија е невработеноста. Следат високите трошоци за живот па корупцијата.

Најголема доверба граѓаните имаат во верските институции. Во нив веруваат 21% од испитаниците. Следи армијата со 19% доверба па Претседателот со 10%. Во Владата доверба имаат 10% од испитаниците а во опозицијата 8%. Најмала доверба има судот и политичките партии во кого веруваат 3%, а на дното е СЈО со доверба од само 2%.

Македонските граѓани сметаат дека најважен политички партнер на земјата е Германија. Следат соединетите американски држави па Турција и Русија.

Довербата на македонските граѓани во Европската Унија и натаму останува висока. Три четвртини од нив велат дека доколку денеска се одржи референдум тие ќе гласаат за влез во унијата. 10% велат дека би гласале против а 10% најавуваат апстиненција.

Сител останува далеку пред сите медиуми кога станува збор за довербата која граѓаните ја имаат во медиумите. Дури 27% од анкетираните токму Сител ја сметаат за телевизија на која најмногу и веруваат. Следи Алсат со доверба од 19% и Канал5 со 14%.

Останатите медиуми имаат едноциферна доверба кај граѓаните.

Истражувањето на ИРИ е спроведено со интервју лице в лице во периодот меѓу 2 февруари и 6 март врз репрезентативен примерок од 1472 испитаници со маргина на грешка од плус минус 2,6%.
сител

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ахмети на импровизирана седница го избра Села за претседател на Собранието, ги усвои и измените на Уставот!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го прогласи лидерот на Алијанса за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села за претседател на Собранието на Македонија,...

ВМРО-ДПМНЕ традиционално ја стартува кампањата од Охрид, вечерва митинг на Градскиот плоштад

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, со голем народен митинг, вечерва традиционално ќе ја започнат кампањата за парламентарните избори од Охрид. На настанот, кој со почеток...

Тепачка меѓу функционери на ДУИ во Гостивар?!?!

По судирите и тепачките во Струга, поделбата меѓу противниците на Европскиот фронт продолжи и во гостиварскиот огранок, објави порталот Фол. Додека претходно во Струга дошло...

Истепан вработен во ЕВН во Сарај.

Во текот на вчерашниот ден во 15.00 часот во СВР Скопје, Д.Б.(38) од с.Кадино, општина Илинден, пријавил дека во с.Глумово, општина Сарај, при извршување...