6.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаКризниот штаб донесе одлука: Казни за тие што ги сместија гостите овој...

Кризниот штаб донесе одлука: Казни за тие што ги сместија гостите овој викенд, инспекцијата е веќе на терен !!!

⚠️🆕Кризниот штаб на Општина Охрид денеска одржа состанок на кој покрај постојаните членови, присуствуваше и Раководителот на Подрачната единица на Државниот пазарен инспекторат во Охрид.

📄На состанокот беа донесени следните заклучоци⬇️

❗Поради зголемениот број на посетители во Охрид, инспекторите на Државниот пазарен инспекторат заедно со екипи на СВР Охрид и претставници на Инспекторатот при Општина Охрид спроведуваат 24 часовни контроли на сместувачките капацитети и се врши санкционирање на оние капацитети и станоиздавачи кои ги прекршуваат препораките и уредбите на Владата на Република Северна Македонија, во делот на туристичката дејност и во насока на превенција од Корона вирусот „Ковид 19“.

❗Веќе се работи на зголемување на подготвеноста на капацитети од здравствениот систем во Охрид, при евентуален поголем прилив на заразени од „Ковид 19“, доколку бидат исполнети капацитети на Инфективната клиника во Битола и болничките капацитети во Скопје.

❗По завршување на продолжениот викенд ќе се врши интензивна дезинфекција на улиците, јавните површини и станбените објекти на територија на Општина Охрид.

📢Кризниот штаб на Општина Охрид упатува апал за максимално почитување на препораките за заштита од „Ковод 19“

◾Да се носат заштитни маски;
◾Да се одржува потребна дистанца;
◾Да се одржува лична хигиена според препораките;
◾Да не се организираат семејни собири и други слични групирања;
◾Да се почитува во целост полицискиот час.

❗Да бидеме максимално одговорни, да го зачуваме сопственото и јавното здравје.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони. Тоа беше направено во содејство со службите од кои...

Грејната сезона во Македонија продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека...

Скафандерот стана дел од мене, уште го чувам – вели Костадиновска-Стојчевска

Тој скафандер стана дел од мене, го чувам и ќе ми дозволите да ви кажам од кои причини го чувам. Јас бев две години...

Албанец одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик. (Видео)

Граѓанин одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик На социјалните мрежи се споделува видео на коешто се гледа како двајца македонски полицајци...