10 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаСветЛекувањето на пациент со Ковид-19 државата Кина ја чини меѓу 3.200 и...

Лекувањето на пациент со Ковид-19 државата Кина ја чини меѓу 3.200 и 140.000 долари

Кинеската Влада трошела во просек околу 23.000 јуани (околу 3.200 американски долари) за лекување на пациент од коронавирус со пневмонија, се наведува во „Белата книга“ што денеска ја објави кинескиот Државен совет под наслов „Борба против Ковид-19: Кинеска акција“.

„ До 31 мај медицинските сметки за 58.000 пациенти со потврдена дијагноза се покриени од нивното основно здравствено осигурување. Вкупната цена за тоа изнесува 1,35 милијарди јуани  или 23.000 јуани по лице“, се вели во документот на Дравниот совет.

„Просечната цена на лекување на сериозно болен пациент надминува 150.000 јуани (околу 21.200  американски долари). Во некои критични случаи, трошокот надминува милион јуани ( околу 141.000 долари). Сите тие беа покриени од државата”, пресметале здравствени власти.

Владата досега издвои речиси 23 милијарди американски долари за лекување и превенција на болеста, како и други мерки за борба против епидемијата.

„Белата книга“ за третманот на коронавирусот детално ги опишува дејствата што кинеската Влада ги презела во борбата против епидемијата од 27 декември 2019 година до крајот на мај оваа година.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...