11.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаСМЕСТУВАЧИТЕ ОД ОХРИД И СТРУГА ШТО ПРИМИЛЕ ГОСТИ - заработија кривични пријави

СМЕСТУВАЧИТЕ ОД ОХРИД И СТРУГА ШТО ПРИМИЛЕ ГОСТИ – заработија кривични пријави

Дури 22 сместувачи и угостители од тиристичките места низ земјава заработија кривични пријави, бидејќи не ги почитувале препораките за заштита од коронавирусот.

Раководителката на Инспекциски надзор, Мери Проја Продановска, денес во Охрид ги соопшти наодите на инспекциските служби, при зајакнатите контроли на угостителските и сместувачките капацитети за време на продолжениот викенд во Охрид, Струга, но и во останатите туристички меса низ државата. Државниот пазарен испекторат во моментот е со засилен надзор на правни субјекти на Охридското крајбрежје, а контроли се вршат со полициска асистенција со цел да обезбеди максимално почитување на мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19.

„Од петокот до сега се утврдени 22 непочитувања на владините мерки од страна на категоризираните сместувачки и угостителски објекти и врз основа на членовите 205 и 206 од уредбата  за истите ќе бидат поднесени кривични пријави“, рече Проја Продановска.

Според неа, најголемиот дел од прекршувањата, и тоа осум, се во Охрид, четири во Струга, пет во Битола, три во Дојран, и по едно во Маврово и Кочани.

При направените надзори било утврдено присуство на гости во сместувачките објекти иако засега тоа не е дозволено. Исто така кај двајца угостители од Охрид е утврдено непочитување на протоколите и работното време.

Сепак, од контролите на терен рече Проја Продановска изминатите два дена кај поголемиот дел на правни субјекти може да се забележи почитување на владините мерки.

„Можеме да констатираме дека генерално економските оператори ги почитуваат протоколите, а ние  денес продолжуваме со работа на Охридското крајбрежје со засилени екипи од Скопје и со асистенција на полицијата“, нагласи инспекторката.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Болничарот од Токсикологија пред камера призна дека барал урина со наркотици да се замени со чиста

Eкономската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази не сакала да вработи персонал неопходен да функционира токсиколошката лабораторија, ако во истиот „пакет“ не влезат...

Пазарната инспекција ќе контролира кој ќе работи на изборните неработни денови

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавачи дека согласно Заклучокот на Техничката Влада на Република Северна Македонија донесен на шеснаесеттата седница одржана на...

Филм за Тоше во српска продукција ќе се прикаже премиерно во Штип!

Голем настан во чест на легендарниот музичар Тоше Проески ќе се одржи во Дом на млади во Штип, на шести јуни годинава. Како што...

Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна навреме и без проблеми

Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во Казнено-поправните домови и лица во притвор, во старски домови и наши државјани во странство, можат да гласаат...