10.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедончето ни се тера ни се води, ти му викаш носете маска...

Македончето ни се тера ни се води, ти му викаш носете маска тие немало вирус, дали сте свесни што правите, дали знаете што може да ни се случи на сите !!!!

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски на денешната прес-конференција објасни зошто ќе предложат враќање на полицискиот час за кризните општини, кој според првичниот предлог би почнувал од 22 часот.

Караџовски рече дека лично како доктор, не верува дека со забраната за движење од 22 часот ќе го намали ширењето на вирусот, но објасна дека целта е да се спречат вечерните групирања и ризикот од трансмисија да биде помал.

За секоја опција што сме ја предложиле има сочна, бурна, колегијална, стурчна дискусија. Со саати дебараме за една мерка што ја предлагаме какви негативни и позитивни ефекти би имало. Имавме неколку размисли, прво одредени економски субјекти работат во тој период кога ние сакаме да го предложиме тој полициски час. Второ, дали на тој начин ќе се спречи ширење на инфекцијата, ако ме прашувате како доктор верувам не, но нема да дозволиме народ после 22 часот да се групира на седенки, по паркови. Нема да дозволиме близок контакт на седенки по клупи…Дали мерката ќе се почитува во 18 часот, 19 или 22 часот, за мене е исто. Битно е да се почитува – рече Караџовски.

Караџовски рече дека на овој начин, после тридневниот карантин им се дава можност на луѓето „да олабават“ до 22 часот да ги завршат секојдневните обврски.

Ако едновреме имавме полициски час од 21 до 05, сега денот е подолг. Се смрачува покасно и дел од луѓето се на работни места до 16-17 часот, еве да имаат три сата можност да испазаруваат, да прошетаат на воздух и да се вратат дома. Тоа ни беше првата водилка за 22 часот. Ние можевме да направиме и предлог од денеска од 14 часот. Што ќе се случеше? Луѓето ќе трчаа од работа дома и ќе не колнеа ќе ни зборуваа дека не сме стручни. Сега дека сме пуштиле од 22 ни велите што правите ги олабавувате мерките. За некои работи морам народски да се изразам: Дел од народот ни се тера ни се води – изјави Караџоски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...