5.6 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаАлбанија и Грција размислуваат да ги осатават затворени границите за македонските граѓани

Албанија и Грција размислуваат да ги осатават затворени границите за македонските граѓани

По зголемување на бројот на заразени со корона вирусот во нашата земја, и по новите услоиви за влез во Бугарија, а спуштање на рампата во Црна Гора, се чини дека и Албанија и Грција размислуваат да превземат одредени чекори.

Во интервју за радио „Солун“ грчкиот државен министер, Јоргос Герапетрис изјави дека постои можност неговата држава да не ги отвори границите за Македонија.

Тој потврдува дека нема информација, ниту најава дека ќе има промена и за сега останува границата со Македонија да биде затворена до 15 јуни, но дека ќе се следи ситуацијата.

-Би сакал да потсетам дека додека разговараме не е дозволено поврзување со Северна Македонија до 15 јуни, како што не е дозволено ни со Албанија. Ќе биде направена проценка на состојбата, но 90 проценти од одлуката зависи и што ќе одлучи секоја земја за своите граници. Ние ги следиме епидемиолошките податоци. Очигледно ако состојбата продолжи да се влошува ќе бидат продолжени и рестрикциите за пограничниот сообраќај, рече Герапетрис.

Иако беше предвидено по 15 јуни да се отворат границите во земјава, според моменталната состојба со бројот на заразени тешко дека тоа ќе се случи!

Од друга страна и Албанија најави дека ќе ја следи ситуацијата со новозаразени во Северна Македонија и врз основа на тие бројки ќе одлучи под кои услови ќе ги прима нашите граѓани.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...