7.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаМендух Тачи: Бујар Османи и ИВЗ се виновни за зголемениот број заболени...

Мендух Тачи: Бујар Османи и ИВЗ се виновни за зголемениот број заболени од ковид-19

spot_imgspot_img

Првиот човек на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, ги обвини вицепремиерот Бујар Османи и Исламската верска заедница (ИВЗ) дека е нивна вина што скокна бројот на новозаразени од ковид-19. На денешната прес-конференција во Тетово, тој изјави и дека сите се наоѓаме во многу тешка ситуација, но дека има луѓе кои се однесуваат неодговорно, пренесе Сдк.мк.

Мислам дека неодговорноста на Бујар Османи и на поранешната и сегашната Исламска верска заедница, кои направија огромен притисок за да се отворат џамиите за Рамазан бајрам, се главните виновници за оваа ситуација. Не можеме да ги прифатиме квалификациите дека Албанците се познати во Македонија по тоа што не ги почитуваат правилата на институциите во врска со пандемијата. Имаме конкретни бројки кои укажуваат дека ние, Албанците, заедно со другите граѓани успеавме 90 дена убаво да се бориме со пандемијата. Тие што сакаат да печалат политички поени, а и сегашната ИВЗ да има материјални добивки и правеа огромен притисок, сега треба да се чувствуваат одговорни. И тие се единствените одговорни за оваа ситуација. Апелираме до граѓаните во оваа тешка ситуација да ги почитуваат правилата. Знаеме дека е тешко да се остане дома повеќе од 48 часови, но нема друг начин“,

изјави Мендух Тачи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...