11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаНови девет случаи во Тетовско, од пред два дена и бебе со...

Нови девет случаи во Тетовско, од пред два дена и бебе со КОВИД-19

Тетовскиот регион бележи девет нови случаи со КОВИД-19, од кои шест во општина Тетово и три во општина Желино, информираа денеска од Центарот за јавно здравје – Тетово. Во изминатите неколку денови е евидентиран и прв случај на КОВИД-19 кај бебе.

-Општина Желино имаше малку случаи, но најновите резултати покажаа нов кластер, три нови случаеви кои заразени поради контакт со веќе болни лица. Сите се изолирани и нивните контакти побарани и испитани, а резултатите ќе се знаат во наредните денови, истакна Наим Скендери, специјализант по епидемиологија во Центарот за јавно здравје Тетово.

Според Скендери новите случаи не претставуваат нови жаришта.

-Повеќето се заболени поради контакт со веќе познат заразен. Можеби ова е добра вест бидејќи имаме веќе познати кластери од каде потекнуваат овие нови случаеви со Ковид-19. Пример најмладите се 4 месечно бебе и 4 годишно дете кои се заразиле од своите родители, ова е случај од пред два дена. Сите се асимптоматски примери, рече Скендери.

Докторот потенцира дека се стабилизира ситуацијата во општина Теарце која беше големо жариште.

-Во општина Теарце има околу 35 случаеви. Внатре во село Теарце сега се најмногу од новите, а претхдно имаше повеќе случаи во село Слатино. Сите нови случаи се контакти на веќе заболени и така нема нови кластери, рече Скедери.

Во текот на вонредниот скринингт на опфаќање на луѓе преку матичните лекари се земени над 200 брисеви, но се уште се чекаат нивните резултати.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...