-0.1 C
Ohrid
четврток, март 20, 2025
ПочетнаМакедонијаСите починати во изминатото деноноќие имале и претходни заболувања

Сите починати во изминатото деноноќие имале и претходни заболувања

spot_img

Сите пациенти кои починаа во изминатото деноноќие се пациенти со претходни коморбидитети и пациенти кои спаѓаат во ризична група, информираат од Министерството за здравство.

<

Од починатите на Инфективна клиника – 79-годишниот пациент од Скопје – Сарај, е хоспитализиран на 21 мај, лекуван претходно од TBC (туберколоза), 66-годишната пациентка од Струга-Лабуништа е хоспитализирана на 8 јуни, а имала висок крвен притисок и дијабет, пациентката на 54 години од Скопје – Студеничани е хоспитализирана на 5 јуни, а имала хронично обструктивна белодробна болест и прекумерна дебелина.

Починатата пациентка при прием во амбулантата на Инфективната клиника спаѓа во најкритичните пациенти бидејќи била со трансплантиран бубрег. Таа со семејството вчера дошла на Клиниката за нефрологија со приватно возило во тешка состојба и ѝ бил земен брис. Во тие 3-4 часа додека била на Клиниката била максимално згрижена, а потоа била упатена на Инфективната клиника.

Од починатите во ГОБ „8 Септември“ – 77-годишната пациентка од Скопје, хоспитализирана на 8 јуни имала срцева слабост, пациентката (73 години) од Струга, примена на 7 јуни имала хронична леукоза, висок притисок и дијабет. Пациентите биле примени како сомнителни на COVID и потврдени по прием. Пациентот на возраст од 87 години кој почина во Штип имал кардиоваскуларни заболувања.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ангелов: На погребот во Кочани ќе бидат само најблиските, ужалените грѓани ги молам да не влегуваат внатре

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојнче Ангелов, ги замоли ужалежните граѓани да не влегуваат на гробиштата на денешната погребна церемонија, туку тоа...

Лишени од слобода лицата кои правеа огномет синоќа во Скопје !!!!

Лишени од слобода лицата кои правеа огномет синоќа во Скопје На 19.03.2025 околу 21.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк...

10-минутен огномет во Скопје во време кога тагува цела Македонија

Во денови на жалост поради трагедијата во Кочани на некого му дошло до огномет. На социјалните мрежи се појави снимка на која јасно се...

Мицкоски најави отворање на случаите за модуларната болница и за несреќата кај Ласкарци

Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на „Сител“ рече дека ќе се отворат „сите претходни случаи, и за модуларната болница и за Ласкарци“, најавувајќи...