14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаЗа првпат училишните ѕвона не се слушнаа денес, и не го означија...

За првпат училишните ѕвона не се слушнаа денес, и не го означија крајот на учебната година.

За прв пат 10 јуни е ден без детски насмевки и радост во училишните дворови. Оваа година , училшните ѕвона не го означија крајот на учебната година.

Учебната 2019 – 2020 година, заврши во вонредни услови.

Министерот за образование Арбер адеми, денес преку социјалните мрежи изрази желба од септември учениците да се вратат во училишните клупи.

„И покрај фактот дека не може да се замени наставата во училишните клупи, вие покажавте максимален интерес и посветеност да продолжите да учите од далечина со помош на родителите, и не се сомневам дека сте ја постигнувале целта“ – напиша Адеми на Фејсбук и им предложи на учениците на распустот да прочитаат некоја книга или лектира и да се вклучат во спортски активности. На матурантите и дипломците, пак, им посаква успех во уписите.

10 јуни е најемотивниот ден во образованието , вели Тања Алексиќ , професор во Р.Ј.Корчагин

„Сега да беа нормални, здрави услови ќе видевте, разлетани деца , некои се смеат, некои тагуваат, некои се лути , нервозни заради отценките . Очекувале поголеми, добиле помали. Очекувањата секогаш здоболуваат. Меѓутоа го положија испитот на зрелоста , мислам ова генерација ќе созрее пред време , успевајќи да се адаптира мна извонредно вонредни услови”.

Онлајн наставата беше вистински предизвик за сите,вели директорката на ОУ Гоце Делчев, и очекува доколку доколку овој вид на настава продолжи од септември , да добијат насоки од страна на Министерството за образование ,како за учениците, така за родителите и за наставниците.

„Јас тоа би го посакувала искрено тоа да го направат од Министерството, каде што ќе си објави на својата веб страна, што планираат, какви да бидат насоките и обраќањата кон родителите , доколку има таков момент, а што најмногу за наставниците.Јас како наставник во практика , многу ги разбирам моите наставници, сите наставници од Македонија. Нашите наставници, покрај децата,се вистинските херои во едно вакво тешко време , без напатствија, самостојно со својот личен труд , и своја желба како да стасаат во ова онлајн време и да им угодат на своите деца за да реализираат настава, се вистински херои, бидејчи тоа самостојно го направија”. – Наде Молеровиќ – дирек.на Оу Гоце Делчев.

Директорот на средното училиште Раде Јовчески Корчагин , Драган Арсовски вели дека сеуште очекуваат насоки за доделување на сведителства за учениците , и најавува дека за уписот во средните училшта , учениците ќе имаат повеќе денови .
тв24

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...