13.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаОхридската болница повторно прави чуда во интерес на здравјето на граѓаните на...

Охридската болница повторно прави чуда во интерес на здравјето на граѓаните на Охрид.

ЈЗУ Општа Болница – Охрид , повторно се молбилизира, од како веќе се пополнети сите капацитети на Клиничката Болница Др Трифун Пановски во Битола, кој беше регионален Ковид центар болница за Општините Струга, Охрид, Ресен,Демир Хисар.

Директорот на Општа Болница Охрид и кризниот штаб при охридската болница , повторно носат изддржани решениа, со цел да се обезбеди безбедно и високо стручно лекување ,на можни лица заразени со Ковид 19. За таа цел одделот Геријатрија , повторно се пресели во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ Охрид и ова одделение дава додатни 8 сместувачки легла, согласно пропишаните инфектолошко – медицински протоколи.Инфективното одделение при општата болница ,кое располага со 9 легла согласно пропишаните инфектолошко – медицински протоколи,веќе е полно со жители на Општина Струга ,кој беа препраќани во Охрид ,од страна на Струшката Болница ,која за цело време на пандемијата со Ковид 19 ,нема примено ниту еден Ковид 19 случај на лекување?!

Директорот на ЈЗУ Општа Болница Охрид Горан Балески ,испратил писмен допис до директорот на ЈЗУ Општа Болница Струга, во кој допис го известува ,дека ЈЗУ Општа Болница Охрид, нема да прима препратени случаеви од страна на струшката болница на лица заболени со Ковид19 , со оглед на фактот дека инфективното одделение во Охрид веке е исполнето до последно место , додек струшката болница за цело време на Ковид19 нема хоспитализирано ниту еден случај и нивните капацитети се сосема празни. Крајно пародично е однесувањето на директорот на струшката болница , кој во својата болница не прима пациенти кој и немаат Ковид19 и ,како такви се преупатуваат во охридската болница , што додатно создаваат пренатрупаност на болничките капацитети во охридската болница.

Директорот на охридската болница Балески , во кординација кризниот штаб составен од еминентни лекари од охридската болница, покрај оделот за геријатрија , уште од денес создаваат услови за додатен капацитет доколку се јави потреба од дополнително посебно одделение каде би се хоспитализирале пациенти доколку има потреба.Целокупниот лекарски персонал ,помошниот медицински персонал во охридската болница ,како никогаш до сега сплотени сите до еден,одговорни кон своите професии за што положиле и Хипократова заклетва , буквално посветено се и целовечерни смени ,вложувајќи надчовечки напори ,да се биде во служба на здравјето на своите граѓани.

И , вечерва во охридската болница се работи на формирање на нови Ковид одделениа ,доколку се јави потреба да се хоспитализирата граѓаните на општина Охрид. Директорот на ЈЗУ Општа Болница Горан балески и неговите колеги еминентни лекрски имина, упатуваат јавен апел до сите граѓани на општина Охрид , да ги почитуваат препораките за задолжително носење на заштитни респираторни маски, да се почитува социјалната дистанца од два метри,задолжително редовно оддржување на лична хигиена ,често миење на раце, користење на средства за дезинфекција.Балески и лекарите од охридската болница , посебен апел упатуваат до сите граѓани , не е срамно да бидеш болен ,срамно е да не се кажува и да се сокрива тој податок, зошто доколку граѓаните сокриваат случаеви на симптоми на Ковид 19 ,или биле со лице позитивно на Ковид 19, доколку ги сокриваат тие факти, тогаш си го доведуваат сопственото здравје во опасност , но и на нивните најблиски, на нивните другари и пријатели.Навременото пријавување на симтоми на Ковид или дека сте биле во контакт со заболено лице, Вас и на вашите најблиски ,може само да ви го спаси животот, зошто со навремена реакција ,може да се справиме од ова непозната болест, која не е шега ,а може да доведе до трагичен крај или тешки заболувања.

С.Д.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...