14.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаФинансиската полиција ќе проверува дали гостите во кафаните се фамилија

Финансиската полиција ќе проверува дали гостите во кафаните се фамилија

Пазарната инспекција од денеска започнува со контроли во угостителските објекти заедно со Финансиската полиција која ќе ги легитимира гостите дали ги почитуваат протоколите за четири лица на една маса кои мора да се од едно семејство.

Ова денеска го најави директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски на прес-конференцијата на Инспекцискиот совет.

Тој рече дека досега за тоа не казнувале, бидејќи тие немаат ингеренции за легитимирање и иако заедно со угостителите поднеле барање за промена на овој член во Протоколот, Комисијата за заразни болести и натаму останала на ставот тој да продолжи да се применува. За оправданоста на легитимирањето, тие побарале мислење и од јавен обвинител.

Пауновски рече дека во изминатиот период од стапување на сила на Протоколите за работа на угостителските објекти најмногу казни има за служење гости во внатрешниот дел, недоволно обезбедени средства за дезинфекција и прекувремено работно време како и нерегистрирани објекти, односно објекти кои во време на забраната се одјавиле, а по дозволата, се вратиле да работат, но на „диво“.

Пауновски потсети дека хотелите сѐ уште немаат дозвола за работа и дека во фаза на подготовка се протоколите и за нив.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На 5% обработени на ниво на Македонија: ВМРО ДПМНЕ води со двојна разлика !!!

На 5% обработени на ниво на Македонија: Гордана 7.782 Бујар 3.428 Стево 3.402 Арбен 1.906 Максим 1.384 Билјана 916 Стевчо 131

Дијаспората гласаше: Силјановска-Давкова со двојно повеќе гласови од Пендаровски

Според податоците од Дипломатско конзуларните претставништва, без САД и Канада, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова на седмите Претседателски избори има освоено 359 гласови од...

Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт!

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт! Јас никогаш не агитирам за себе, граѓаните знаат за кого да гласаат, знаат да си го...

Како за Бајрам така и Велигден- Бесплатно шишање за сите деца од Православна вероисповед

Како за Бајрам така и Велигден. Почитувани мои Охриѓани, се ближит големиот Православен празник-Велидген. Одлучивме заедно со Берберот Емин Алим од "Barber shop Shogun"на 28.04.2024 (Недела)во...