11.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаШЕЈНУР ФЕЈЗУЛА САЛИУ Е РОДИЛКАТА ОД “УГЛЕДНО СЕМЕЈСТВО“ КОЈА НЕ КАЖАЛА ДЕКА...

ШЕЈНУР ФЕЈЗУЛА САЛИУ Е РОДИЛКАТА ОД “УГЛЕДНО СЕМЕЈСТВО“ КОЈА НЕ КАЖАЛА ДЕКА ИМА СВЕКОР СО КОРОНА?

Изминатиов викенд жена “докторка од угледно семејство“ дошла да се пораѓа на Гинеколошката клиника во Скопје без да каже дека нејзиниот свекор е заболен од коронавирус, потврди за медиумите директорката Д-р Јовановска. Трудницата лажела при приемот во болницата и била сместена во соба со две други родилки, кои сега се префрлени на одделот за изолација. По некое време друга докторка ја препознала колешката и на вработените на Клиниката им открила дека родилката има позитивен свекор на Ковид-19. До Магазин стигнаа информации дека се работи за Шејнур Фејзула Салиу, ќерка на угледно семејство од Нерези. Според нашиот извор, нејзиниот сопруг и татко преку нивните врски во политиката и во министерството за здравство “средиле“ лажната изјава на ќерката да исчезне од нејзиното досие, за да нема основ за нејзина кривична одговорност. Шејнур имала завршено медицински факултет, а нејзиниот свекор бил пензиониран професор од гимназијата “Зеф Љуш Марку“.

Родилката одбила да биде преместена во делот за изолација, каде се суспектните пациентки на ковид-19. Ѝ била направена индикација за царски рез, но таа потпишала изјава дека своеволно заминува да се породи во приватна болница. Потоа таа се породила во „Ре-медика“, каде развила симптоми на Корона по што била однесена на Инфективната клиника. Заради овој случај и криење на податоци во “Ре-медика“ четири медицински лица се пратени на тестирање за корона и сега се во самоизолација.

Исто така поради оваа пациентка, три медицински сестри од Гинекологија се отидени во изолација.

– Пациентката била примена без симптоми и не кажала дека има заразен во нејзиното семејство. Кога некој од колегите дознал дека таа во семејството има позитивен на ковид-19, веднаш ја симнале во одделот за изолација. Таа не сакала да биде во изолација и си заминала со изјава – вели директорката Јовановска.

Кога во јавноста се крена галама за случајот, се покрена истрага, но од ГАК известија дека исчезнала изјавата од медицинското досие на родилката-докторка во која потпишала дека нема заболен член на семејството, а при прием криела дека нејзиниот свекор е позитивен на Ковид. Случајот е пријавен во МВР и вчера на Клиниката за гинекологија беа инспектори за да се истражи кој ја украл Изјавата од просторијата каде што стоело медицинското досие. Информацијата за ја потврди директорката Викторија Јовановска, но не сакаше да открие за која пациентка се работи, само кажа дека е од угледно семејство.

„ Да точно е, исчезна Изјавата од пациентката. Во надзорна камера го имаме снимено моментот како ја потпишува Изјавата. Но, таму каде што стои досието нема камера. Повикавме полиција за да се открие кој го украл документот“, изјави Јовановска.

извор: magazin.mk

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...

Неважечки ливчиња има тројно повеќе од гласови за Стевчо

Од вкупно обработени 50,86% избирачки места вкупно гласале 434.897 гласачи, од кои важечки се 421.722 избирачки ливчиња. Вкупниот број на неважечки ливчиња е 11.539...

Првичните официјални резултати во општина Дебрца: ВМРО ДПМНЕ 1100- СДСМ 377

На Претседателските избори во Македонија ВМРО ДПМНЕ води со огромна разлика. Шило Магазин ги доби и официјалните резултати од Општина Дебрца- ВМРО ДПМНЕ 1100- СДСМ...