16.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаВечерва во 19.30 часот владина седница, ќе се бара нова вонредна состојба...

Вечерва во 19.30 часот владина седница, ќе се бара нова вонредна состојба !!!

СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ и денеска успеаја да не го договорат датумот за избори кој би бил прифатлив и за власта и за опозицијата. Поради ова, владата закажа седница која ќе започне вечерва во 19.30 часот. Ќе се одлучува дали ќе испратат нов предлог до претседателот Стево Пендаровски за продолжување на вонредната состојба. Тоа значи дека 5 јули веќе отпаѓа како датум за избори. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска посочи дека 8 – ми јули е последната отстапка која ја прави во врска со утврдување на денот на изборите.

„Еве отстапувам од 5 јули и се согласувам изборите да бидат на 8 јули, среда, каде во понеделник и вторник ќе гласаат болни и изнемоштени, нашите граѓани во самоизолација или позитивните коишто се во болниците или дома, а ќе се вклучат да гласаат и сите хронично болни, повозрасните луѓе и други. Само заедно да обезбедиме учество на изборите, да учестува опозицијата, а сепак тоа да е во разумен рок.“, изјави Зоран Заев, Претседател на СДСМ.

Но, техничкиот премиер Оливер Спасовски порача дека нема потреба од продолжување на вонредната состојба. Петти јули, како што рече, бил зацементиран за избори.

„Институциите имаат капацитет на денот на изборите да ги обезбедат сите превентивни мерки коишто се потребни за целосна заштита на гласачите и на сите други учесници во изборниот процес“, Оливер Спасовски, технички премиер.

ВМРО – ДПМНЕ за предлогот на Заев, изборите да бидат на 8 – ми јули, одговор ќе даде утре, иако вонредната состојба истекува вечерва на полноќ. Не лицитираат со датуми, но неофицијално, 8 – ми јули не им бил прифатлив и се размислува за датум кон средината на јули.

„…Нашата цел е да се постигне најбезбедна можна средина за избори во едни вакви сложени околности“ рече Орце Ѓеорѓиевски, ВМРО – ДПМНЕ.

Од друга страна, ДУИ остана на ставот дека за датумот за избори потребен е консензус од сите партии.

Бојан Стојановски Alsat

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малиот гениј Македон ја издаде првата научна книга, на англиски јазик

Малиот гениј Македон Димитровски од Тетово, преку видео се пофали за објавата на наеговата прва научна книга насловена „Од атоми до универзумот“. Книгата е на...

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...