14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаЗијадин Села: Барам за Албанските печалбари кои се враќаат во Македонија тестирањето...

Зијадин Села: Барам за Албанските печалбари кои се враќаат во Македонија тестирањето да биде бесплатно.

Пандемиската состојба се влошува и очигледно е дека излегува од контрола. Владата докажува неспособност и ги оптоварува животите на граѓаните во секоја област од животот. Печалбарите кои се враќаат во својата татковина за да ги поминат годишните одмори со членовите на семејството, исто така, го доживуваат ова на своја кожа, соопшти Алијансата за Албанците.

– На граница, на некои луѓе не им се прифаќаат тестовите направени во западните земји каде што работат и ги принудуваат да се тестираат во Северна Македонија со надуени цени, до 100 евра, што предизвикува огорченост и разочарување од ненормално однесување на државата, каде што се родени, инвестираат и плаќаат даноци како и сите други граѓани и се главните автори за пополнување на државниот буџет, велат од Алијансата за Албанците.

Тие бараат од државните гранични власти да не бидат селективни на границата и да постапуваат правично кон сите граѓани и да не го влошуваат влезот на граѓаните во татковината.

-Сведоци сме дека повеќето тестови се донации од меѓународната заедница и бараме да бидат ослободени истите граѓани од нивната исплата како на границата така и во здравствените установи во рамките на државата. Исто така, бараме тестовите направени во западните земји да бидат прифатени како валидни и да се дозволи слободно движење на нашите печалбари, кои заслужуваат дури и повеќе, се вели во соопштението.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...