11.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаНаместо торта – на работа за граѓаните на државата

Наместо торта – на работа за граѓаните на државата

Министерот за здравство Венко Филипче денес полни 43 години. Веројатно овој ден и овој роденден многу поинаков од сите досегашни. Причината е јасна – општото добро на сите нас.

Филипче како министер ја има најтешката задача во државата, борбата со корона вирусот и борбата да се спасат што е можно повеќе човечки животи.

Иако денес му е роденден, Филипче не слави, напротив работи на терен. Тоа може да се забележи и од неговата утринска објава на социјалните мрежи.

-После пет децении целосно го реновираме објектот на специјалистичко-консултативниот оддел на Институт за трансфузиона медицина. Ова е дел од долгорочната стратегија за унапредување на услугите во јавното здравство и подобрување на условите за работа на здравствените работници.

-За две и пол години ги подобривме условите во триесетина здравствени установи, а продолжуваме и понатаму да вложуваме во здравството како клучен сегмент. За задоволни пациенти и здравствени работници.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...

Неважечки ливчиња има тројно повеќе од гласови за Стевчо

Од вкупно обработени 50,86% избирачки места вкупно гласале 434.897 гласачи, од кои важечки се 421.722 избирачки ливчиња. Вкупниот број на неважечки ливчиња е 11.539...