14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаКривичен пресуди 10.000 евра казна за поранешната директорка Нина Цаца

Кривичен пресуди 10.000 евра казна за поранешната директорка Нина Цаца

Кривичниот суд го прифати барањето на Основното јавно обвинителство и со 10.000 евра ја казни поранешната директорка на Универзитетската клиника за дерматологија, Нина Цаца Биљановска порaди пренесување на заразна болест, објави „АлсатМ“.

Скопското обвинителство ова го потврди за телевизијата, а докторката казната ја доби бидејќи наместо да оди во самоизолација по враќање од пат од Италија, таа одеше на работа и учествуваше на семинар. Ова е првостепена пресуда и Биљановска има право на жалба.

Надлежниот јавен обвинител на Судот му предложи за обвинетата да изрече парична казна од 40 дневни глоби со вредност на една дневна глоба од 250 евра, односно вкупна парична казна од 10.000 евра во денарска противвредност.

Според обвинението, Биљановска на 29 февруари се вратила во државава од регион во Република Италија преку граничниот премин Табановце. Но, притоа таа постапила спротивно на мерките и заклучоците на Владата согласно кои сите граѓани кои се враќаат од ризичните земји со зголемен број заболени од COVID-19, особено од Република Иралија, имаа обврска да останат во домашна изолација во траење од 14 дена од денот на влегување во земјава. Исто така, со заклучоците, на сите вработени во државни и локални институции и претпријатија им беше наложено доколку во претходните две недели патувале или живеат со некој што патувал во земјите од среден или висок ризик за ширење на заразната болест, да не доаѓаат на работа и за тоа да ја известат институцијата каде работат.

Но, обвинетата, иако како здравствено лице била свесна за ризикот, продолжила со своите работни обврски на Клиниката, а на 7 март била присутна и одржала предавање на симпозиум од об ласта на дерматолошките болести, со што ги довела во опасност сите учесници, предавачи, организатори и вработените на Клиниката. На овој начин таа заразната болест им ја пренела на седум свои колеги пред самата да биде хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести со позитивен наод за COVID-19.

Во текот на претходната постапка, јавниот обвинител направи детални проверки и ја обезбеди целокупната релеватна медицинска и друга документација која беше неопходна заради утврдување на решавачките факти. Притоа, беа направени проверки и беше побарана и обезбедена документација од Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и од ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје, а беа преземени и други истражни дејствија​.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...