5 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаШилегов и Меџити се „спукаа“ на Фејсбук за светлечката порака на ДУИ...

Шилегов и Меџити се „спукаа“ на Фејсбук за светлечката порака на ДУИ „Зошто да не?“ на скопското Кале

Криењето на сопствената неспособност зад Обама, не е ништо друго освен потврда на тоталната неспособност да се справите со вистинските проблеми на граѓаните. Особено во Чаир, напиша скопскиот градоначалник Петре Шилегов на својот Фејсбук профил откако синоќа скопското Кале беше осветлено со пораката од ДУИ „Зошто да не?“, која што се однесува нивната иницијатива за Албанец премиер.

Не им зборувајте за Обама. Зборувајте им за неасфалтираните улици, немањето водовод и канализација. Субстандардните услови на живеење. Во 21 век. Во општина што ‘обамовски‘ ја водевте и ја водите.

Евтини се приказните. Па макар и Обама да ги “раскажува” …“, напиша Шилегов.

Овој пост на Шилегов беше реакција на статусот на поранешниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити и претседател на чаирскиот огранок на ДУИ.

„Ако Барак Обама може да стане претседател на државата, зошто Албанец може да стане Премиер во РМВ? Дали е ова општество за сите како што се тврди? Зошто да не , господине Шилегов?“, напиша Меџити на својот профил.

Меџити возврати и на пишувањето на Шилегов, објаснувајќи дека анимацијата на Калето била дело на здрава младина која имала визија, како и дека ласерската анимација не го оштетила Калето.

„Но, имам едно прашање. Што се случи со активностите кои го оштетија Калето и центарот на Скопје? Во опозиција бевте многу гласен против Скопје 2014. Брзо заборавивте. Имавте многу ветувања, а сега со пари на граѓаните плаќање агенција да ги обезбедува. ‘Евтини прикани‘ за Калето за мене е ветениот тунел под тврдината кој што ќе ги поврзува двете страни на Скопје, ветување без студија, само сон“, напиша Меџити.

Тој потсетува дека неговата работа граѓаните ја наградиле со три мандати.

„Времето е пред нас и ќе видиме вие колку мандати ќе добиете“, вели Меџити.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...