Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 15-ти јули, соопшти на денешната прес конференција првиот човек на СДСМ, Зоран Заев.
Датумот го потврдил и лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
– Го заклучуваме 15-ти јули како конечен и последен датум за избори на кој ќе учeствува опозицијата. Зборував со Мицкоски кој потврди дека ќе учествува на изборите, рече Заев.
Тој додаде дека заедно со Мицкоски ќе го информираат претседателот Пендаровски за да ја продолжи вонредната состојба за да се исполнат условите за одржување на избоите на 15-ти јули.
Среда 15-ти јули, ќе биде неработен ден, а изборниот процес ќе трае до 21:00 часот.