7.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаВладата си ја призна грешката со фотографијата од Германија, па постави сега...

Владата си ја призна грешката со фотографијата од Германија, па постави сега фотографија од Охрид.

МАКЕДОНИЈАЗаменета фотографијата од убавините на Германија со која Владата промовираше домашен туризамОбјавено пред 2 часа – 15 јуни, 2020Од Макфакс

Со нова фотографија е заменета онаа на германскиот фотограф Симон Мигај, која се појави на платформата „Дома си е дома“.

Фотографијата со која Македонија ја промовираше мерката за домашен турузам е од езерото Кенигсе, кое се наоѓа во Германија. Сега на нејзино место стои фотографија од Охридското езеро.

По низата реакции на социјалните мрежи, од Министерството за економија велат дека ја промениле фотографијата, но и нагласуваат дека фотографијата за која се зборува ја презеле со сите авторски права.

„Како Министерство за економија низ целата промоција на мерката, преку оваа платформа, акцентот го ставаме на промовирање на туристичките потенцијали на Република Северна Македонија. Платформата ќе биде доградена со нови податоци за капацитети и места каде што нашите граѓани ќе можат да ги користат ваучерите за поттикнување на домашниот туризам, каде што дополнително сите граѓани коишто ќе одлучат да летуваат во нашата земја ќе можат да ги видат убавините на државата“, додаваат од Министерството.

Претходно се огласи и фотографот Симон Мигај, кој на својот инстаграм-профил потегот на македонската Влада го оцени како смешна неделна приказна.„Смешна неделна приказна. Ја споделувам оваа слика бесплатно на веб и понекогаш таа завршува на чудни места. Во моментов е актуелна на социјалните медиуми бидејќи Владата на Македонија одлучила да ја користи за промоција на нивниот туризам и Македонците се обидуваат да откријат кое е тоа место. Ова е Конигсе во Германија“, напиша Симон Мигај.

Makfax.com.mk

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...