14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаОсуден скопјанец кој повикувал на ликвидација на Заев

Осуден скопјанец кој повикувал на ликвидација на Заев

На условна казна затвор од една година е осуден обвинетиот Д.Д. поради загрозување на сигурноста, откако лани упатувал закани кон тогашниот премиер, Зоран Заев јавува Макфакс.

Пресудата е донесена по признание вина од страна на обвинетиот 45-годишен скопјанец, информирааат од Јавното обвинителство.

Имено, во временскиот период од 23 до 24 јули минатата година обвинетиот во повеќе наврати, со коментари на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук се заканил дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од 5 години или потешка казна против оштетениот, тогаш вршител на функцијата претседател на Владата на Република Северна Македонија. Со објавените фотографии и коментари тој директно повикувал на физичка ликвидација на оштетениот.

Со донесената пресуда, Основниот кривичен суд Скопје на обвинетиот му изрече алтернативна мерка – условна осуда со која му утврди казна затвор од една година, која нема да се изврши доколку во следните три години по правосилоноста на пресудата тој не стори ново кривично дело.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...