11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче: Доколку има потреба ќе ја наполниме и монтажната болница засега доволно...

Филипче: Доколку има потреба ќе ја наполниме и монтажната болница засега доволно има место за заболените од Ковид-19.

Монтажната болница до Инфективната клиника стои на располагање и ќе биде употребена веднаш штом се појави потреба за користење на овој простор, велат од Министерството за здравство за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Оттаму велат дека во однос на потребата за зголемување на капацитетите за болничко лекување поврзано со новонастанатата ситуација со коронавирусот во нашата земја, во изминатите 2 месеци изградиле монтажна болница која е директно поврзана со Инфективната клиника, и со тоа најлесно и најбезбедно го дополниле просторот и истата е подготвена да биде целосно достапна за лекување на пациенти со КОВИД- 19.

Болницата е со корисна површина од повеќе од 1.000 квадратни метри, каде се сместени простории за 70 болнички кревети во дел стационар, амбулантски и тријажен простор, соби за одмор на персонал, тоалети за пациенти и персонал, гардеробери и соби за состаноци, сѐ функционално организирано согласно специфичните протоколи и патеки за движење на сите корисници на просторот.

Целата оваа структура е поврзана со „топла врска“ со зградата на Унивезитетската Клиника за инфективни болести. Монтажната болница ја изгради велешката компанија „Брако“ за само 14 дена, а за нејзината изградба швајцарската влада донираше 200.000 швајцарски франци.

„Дополнително на ова, на располагање се и други болнички капацитети коишто се во добра состојба и се спремни да бидат ставени во функција по потреба, на барање на Комисијата за заразни болести. Според потребите, Комисијата за заразни болести има подготвено соодветен план за реализација на сите можни ситуации кои би произлегле во иднина од состојбата со КОВИД- 19“, ни рекоа од Министерството.

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција рече дека има доволно кревети во здравствените установи, затоа што и покрај зголемениот број на новозаболени од КОВИД-19, само 14 проценти од нив се хоспитализирани, а 86 проценти се асимптоматски или имаат лесна клиничка слика. На инфективните одделенија во земјава вкупно хоспитализирани се 318 пациенти.

Во Градската општа болница „8 Септември“ вкупно се хоспитализирани 113, а на Инфективната клиника 95 пациенти. Во „8 Септември на респираторна машина се 10, а со потешка клиничка слика се уште 21 пациент. На Инфелтивната клиника на кислородна поддршка се 37 пациенти, но нема ниту еден на респиратор.

„Во изминатите денови ги засиливме со кадар и двете главни болници каде се лекуваат пациентите со КОВИД-19. Во таа смисла, на Инфективната клиника дојдоа пет доктори, тројца од клиниките за кардиологија, за ендокринологија и од Институтот за туберкулоза, еден доктор од Клиничката болница во Тетово и еден од Општата болница во Охрид и вкупно 27 медицински сестри од Специјалната болница Јасеново и болниците во Кавадарци, Кочани и Кичево. Во ГОБ ‘8 Септември’ тимот е зајакнат со шест доктори, двајца од клиниките за ревматологија и нефрологија, двајца доктори од Кичево и по еден доктор од Отешево и болницата во Гостивар. Дојдоа и дваесет медицински сестри од Струга, Велес, Отешево, Гевгелија и Специјалната болница Лешок. За време на целиот овој период болницата функционира како КОВИД-центар, каде по потреба се извршуваат и други интервенции, за пациенти кои се позитивни на вирусот. Во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти. Во болницата во Штип 18 хоспитализирани пациенти, а во другите одделенија во државата вкупно 66 пациенти“, рече Филипче.

Според министерот, една третина е полн капациетот на болницата во Охрид, половина е искористен капацитетто во Тетово и во Штип, а празна е болницата во Кавадарци, која исто така може да биде регионален центар.

За повеќе може да прочитате на СДК.МК

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...