6.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаВо автобусите на ЈСП „Скопје“ зпочна лепење налепници на седиштата на кои...

Во автобусите на ЈСП „Скопје“ зпочна лепење налепници на седиштата на кои е забрането седење.

Во автобусите на ЈСП „Скопје“ почна лепење налепници на седиштата на кои е забрането седење. Исто така налепници се поставуваат и низ подот на автобусите, со цел да се обележат местата каде треба да стојат патниците, доколку нема место за седење. Налепниците се лепат на секои второ седиште, и патниците не можат да седат еден зад друг, туку цик-цак.

На влезните врати и внатре во автобусот се поставуваат и налепници со кои се информираат граѓаните дека задолжително треба да носат маски при користење на јавниот превоз. Досега контролирање на бројот на патниците во автобусите и дали се почитуваат препораките за користење маски, го вршеа контролите на ЈСП „Скопје“.

„Утре контролорите од претпријатието заедно со полицајци од СВР Скопје ќе имаат вонредна контрола во автобусите дали патниците носат маски. За жал и покрај апелите и секојдневните контроли на контролорите на терен има граѓани кои одбиваат да носат маски. Вакви акции заедно со полицијата ќе има и во наредниот период“, велат од ЈСП „Скопје“.

Граѓаните кои ќе бидат затекнати без маски во автобусите ќе бидат казнети со 20 евра. Од претпријатието велат дека акцијата со полицијата ќе има и едукативен карактер односно на граѓаните ќе им се делат заштитни маски.

извор – sdk.mk

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...