8.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаКаде ќе ви оди душата бе??-Пет малечки и две постари срни се...

Каде ќе ви оди душата бе??-Пет малечки и две постари срни се убиени во близина на Ранковце

Пет малечки и две постари срни се убиени во близина на Ранковце без никаква реакција на надлежните кои иако знаеле дека се спрема масакрот, сепак не реагирале.

Паднаа првите жртви на се уште неодржани избори, пишува Влатко Николовски на Фејсбук, кој додава дека во исто време на убиството се расправал во Полициското Одделение Ранковце, барајќи да ја потпише пријавата која ја дал телефонски претходно дека се спрема масакрот.

Николовски во написот на Фејсбук насловен како “Последниот скок на мајката СРНА’, детално го опишува овој грозоморен настан.

„Скокна врз последното срнче, кое немаше ни 40 дена. Се уште со млечни заби. Пуста мајкина љубов се надеваше дека барем едно ќе спаси, другите 4 беа веќе мртви, а топла крв испаруваше. Мирисот на топлата крв на срнчињата не се чувствуваше, го надвладеа мирисот на смрдливиот здив од немиените усти на здивените пијаници, засилени со оние кои ги плаќа државата за да не се случува ова. Возбудено викајќи еден кон друг, смрдливите здивови засилени со смрадот на потта од одамна небањатите тела, најважно им беше, покажувајќи си меѓу себе каде им избега срндакот – татко, за евентуално да не преживее во таа општа пукотница, викање од радост за секое убиено срнче, како голем трофеј во нивниот беден живот. Застана мајката СРНА, сеедно и беше, гледајќи во цевката од пушката насочена кон неа. Беше мртва пред да падне на земјата, овој пат го престигна куршумот, срцето и пукна пред куршумот да го разнесе и она малку што од нејзиното срце беше останало – пишува Николовски на фејсбук.
За крај, Николовски пишува дека додека го пријавувал настанот, наместо на нормална реакција во полициската станица наишол на полицаец кој вербално кон него ја демонстрирал својата сила, знаејќи дека нема да има ни увид ни понатамошни дејствија.


Извор Лидер

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...