10 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаПод мотото „Правда за Кољо“ граѓани протестираа за пресудата од 3 години...

Под мотото „Правда за Кољо“ граѓани протестираа за пресудата од 3 години затвор за убиството во Ново Лисиче

Под мотото „Правда за Кољо“ граѓани протестираа за пресудата од 3 години затвор за убиството во Ново Лисиче

Вчера под мотото „Правда за Кољо” се одржа протест во Ново Лисиче. Граѓаните протестираа против пресудата за убиецот на младиот Никола Христовски, која според одлуката на Основниот кривичен суд е три години затвор. Насобраните граѓани маршираа од крстосницата кај Јане Сандански до местото на убиството. Таму застанаа со минута молк сеќавајки се на убиениот Никола.

Пораката од демонстрантите е да се воспостави систем кој ќе стави крај на уличните убиства.

Родителите на убиеното момче се сомневаат во непристрасноста на судот и обвинителите, пред се поради фактот што делото од убиство, било преквалификувано во убиство во миг и зошто биле сменети, како што тврдат дури тројца јавни обвинители.

Кривичното дело за кое му се судеше на убиецот е убиство на миг за кое е предвидена затворска казна од 1 до 5 години.

„На 14.08.2019 година на булеварот Видое Смилевски Бато во населбата Ново Лисиче, обвинетиот, доведен во состојба на силна раздразнетост, со умисла го лишил од живот оштетениот Никола Христовски. Имено, група од повеќе лица, во која бил и оштетениот, го пресретнала обвинетиот во близина на една бензинска пумпа и започнале да го навредуваат и физички да го напаѓаат со влечење и удари по телото. Обвинетиот започнал да бега кон зградите, а групата од околу 30 лица трчале по него, извикувајќи навреди и пцовки. Кога се доближил до влезот на една зграда обвинетиот се обидел да влезе, но не успеал. Во тој момент, прв до него стигнал оштетениот Никола Христовски, па обвинетиот доведен во состојба на силна афективна раздразливост, реагирал импулсивно и не бил во состојба логично да размислува, да расудува и да раководи со своите постапки. Тој извадил нож со сечиво од 9 сантиметри и на оштетениот му задал убодна рана во десната страна на градниот кош. Оштетениот бил пренесен во Ургентниот центар „Мајка Тереза” каде му бил извршен хируршки зафат, но починал како резултат на крваречки шок”, велат од ОЈО Скопје.

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...