17.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаГруби: Го направивме Зоран Заев премиер за да го смени Уставот и...

Груби: Го направивме Зоран Заев премиер за да го смени Уставот и името на Македонија и да воведе албански јазик низ цела Македонија-И не се каеме

Поранешниот пратеник од редовите на ДУИ рече дека ДУИ, со своите гласови во Собранитео, го направи Зоран Заев премиер за да го смени Уставот и името на Македонија, разговарајќи за идните постизборни коалиции за формирање Влада.

Тој во емисијата „Клик Плус“ на телевизија Тв21 истакна дека, тие како ДУИ, воопшто не се каат за тоа иако постапиле спротивно на волјата на граѓаните кои гласаа во 2016 година, затоа што со Заев постигнале многу големи работи како воведувањето на двојазичноста, така и потпишувањето на договорите за Грција и Бугарија.

Груби додаде дека тоа е причината поради која одлучиле да го поддржат и да му ги дадат гласовите на нивните пратеници во Собранието за Зоран Заев да биде премиер на Македонија.

-Со СДСМ и Зоран Заев направивме многу големи работи и ние во ниту еден момент не се покајавме. Ние бевме многу свесни кога одлучивме на Зоран Заев да му ги дадеме гласовите за да го направиме премиер. Ние го направивме Зоран Заев премиер за да го смени уставот и да го смени името. Го направивме Зоран Заев премиер за да го потпише договорот со Грција и со Бугарија, за да ја направи јазичната еднаквост. Со полна свест и убедување го направивме тој чекор кој беше различен од тоа што граѓаните имаа гласано во 2016 година, рече Груби.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малиот гениј Македон ја издаде првата научна книга, на англиски јазик

Малиот гениј Македон Димитровски од Тетово, преку видео се пофали за објавата на наеговата прва научна книга насловена „Од атоми до универзумот“. Книгата е на...

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...