8.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаЗдравје и убавинаТелкиу за Алсат: Заштитете го семејството не си играјте со нивните животи

Телкиу за Алсат: Заштитете го семејството не си играјте со нивните животи

Исни Телкиу од Дебар, е еден од 1914-те пациенти заболени од коронавирус кои се лекуваат дома. Тој за Алсат вели дека од моментот кога го добил резултатот дека е  позитивен со Ковид-19, бил изолиран од неговата ќерка и неговата сопруга, кои не се заразени.

Веќе шест дена, тројцата членови на семејството Телкиу престојуваат во различни соби на куќата, затоа што, како што вели првиот човек на семејството, секоја негрижа може да го загрози животот на неговите најблиски.  Со храна ги снабдуваат членовите на семејството кои живеат близу нив.

„Им реков дека мора да бидам затворен во една соба и за јадење и пиење, да ми носат на врата. Контактите се минимални. Садовите ги оставам на врата и ги зема мојата сопруга. Садовите што ги користам јас се црвени, а другите ги користи ќерка ми  и жената. Тие исто така се во само-изолација. Би ги советувал сите да бидат внимателни, тоа не е нешто со што можеме да си играме“.

Докторката Сефјане Ферати вели дека овие пациенти се лекуваат со терапија која се состои главно од витамини.

„Пациентот треба да биде сместен во специјална просторија која треба да се проветрува два до 3 пати на ден. Чаршафите треба да се менуваат секој ден и да се пеглаат. Маската мора да се менува на секои три часа. Членот кој го храни пациентот мора да има маска и ракавици, кои се менуваат секогаш кога служи. Кога пациентот се храни, другите членови на семејството мора да ја напуштат просторијата, која потоа мора да биде проветрена еден час “.

Од вкупниот број активни случаи, 86% од нив се лекуваат дома, бидејќи клиничката слика кај овие пациенти е полесна.

Извор Алсат М 

 

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...

Доживотен затвор за кочанскиот монструм кој уби жена со 41 убод од нож

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за...

Ахмети на импровизирана седница го избра Села за претседател на Собранието, ги усвои и измените на Уставот!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го прогласи лидерот на Алијанса за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села за претседател на Собранието на Македонија,...

ВМРО-ДПМНЕ традиционално ја стартува кампањата од Охрид, вечерва митинг на Градскиот плоштад

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, со голем народен митинг, вечерва традиционално ќе ја започнат кампањата за парламентарните избори од Охрид. На настанот, кој со почеток...