8.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаЅвездата на Интер Марсело Брозовиќ и ја плати операцијата на нашата Менче...

Ѕвездата на Интер Марсело Брозовиќ и ја плати операцијата на нашата Менче Трповска

Голем си Марсело, а тебе Стаменка-Менче ти ја посакуваме целата среќа на овој свет, напишаа администраторите на Фејсбук групата „Inter Tifosi Balkan“.

Ѕвездата на италијанскиот калчолигаш Интер, Марсело Брозовиќ, донираше 3.000 евра за 26-годишната Стаменка Менче Трповска од Македонија, која преку социјалните мрежи побара финансиска помош за операција на колковите.

Трповска се соочува со сериозни здравствени проблеми со колковите, а по првата успешна операција ѝ се појавиле нови компликации, па таа е повторно неподвижна. Таа финансиска помош за нова операција побара преку објава на социјалните мрежи, а нејзината објава ја пренесоа и навивачите на Интер од Балканот.„Денеска, по само еден час од нашата објава во која ги молиме сите да ѝ помогнат на Менче, Марсело Брозовиќ ни се јави приватно и нè информираше дека го уплатил целиот износ за операцијата. Не знаеме како ова да го опишеме, нè преплавија емоциите, оставени сме без текст. Голем си Марсело, а тебе Стаменка ти ја посакуваме целата среќа на овој свет“, напишаа администраторите на Фејсбук групата „Inter Tifosi Balkan“.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...