14.6 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаМакедонијаСе појави затвореничко писмо од Боки 13 во кое демантира секаква поврзаност...

Се појави затвореничко писмо од Боки 13 во кое демантира секаква поврзаност со Зоран Заев.

Денешната пресуда за случајот “Рекет” беше повод за ВМРО-ДПМНЕ да го обвини лидерот на СДСМ, Зоран Заев дека има поврзаност со случајот.

Оваа прес конференција уште еднаш покажува дека станува збор за оркестриран напад кон Заев, предводен од Орце Камчев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но фактите го говорат сосема спротивното.

Имено во месец август 2019 година, сега осудениот Бојан Јовановски испраќа писмо до медиумите во кое јасно наведува дека снимените аудио и видео материјали од страна на лицето Јордан Камчев се нелегални материјали кои се дистрибуирани во странски медиуми, и се презентираат селективно и тенденциозно за да направат компромитизација, дискредитација, уцена и безредие.

Исто така Јовановски во писмото категорично тврди дека со премиерот Зоран Заев имал средби кога гостувал во 1ТВ и имал средби во врска со активности поврзани со Meѓународен Сојуз Скопје и категорично и одговорно тврди дека никогаш со премиерот Зоран Заев немал разговори поврзани со таканаречениот случај ‘Рекет’.

Во продолжение прочитајте го писмото на Јовановски во целост:

“Во врска со таканаречениот случај ‘Рекет’ каде јас, Бојан Јовановски првоосомничен, чувствувам неопходна потреба да се обратам на јавноста во ова кусо соопштение. Ова соопштение го проследувам до сите домашни и странски медиуми преку своите бранители и замолувам да биде пренесено целосно и неселективно.

Во изминатиов период, по започнувањето на случајот ‘Рекет’ сум изложен на незапомнет линч кој е проследен со тенденциозни, безсмислени и измислени лаги и конструкции кои се пласираат во јавноста преку медиумите и преку поединци.

Во овој изминат период целосно е заборавено и не се почитува начелото на презумпција на невиност.

Во ова соопштение немам намера ниту да ја докажувам својата невиност во случајот ‘Рекет’, ниту да изнесувам детали кои би попречиле на истражната постапка. Својата невиност во случајот ‘Рекет’ ќе ја докажувам низ истражната и правната постапка.

Во ова соопштение сакам да издвојам неколку непобитни факти со цел да се запрат тенденциозните текстови, шпекулациите и невистините.

Во однос на нелегално снимените аудио и видео материјали од страна на лицето Јордан Камчев и истите тие нелегални материјали дистрибуирани во странски медиуми, во ова соопштение нема да изнесувам поединости и детали, само ќе потенцирам дека се селективно и тенденциозно презентирани со цел да направат компромитизација, дискредитација, уцена и безредие.

Вистината е сосема поинаква! Но, во интерес на истрагата нема да издвојувам повеќе детали.

Кусо ќе нагласам дека специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева делувала во секој момент согласно закон и никогаш во ниедна комуникација не ја злоупотребила својата службена положба.

Вистината е целосно различна од се она што се пласира во јавноста.

Во еден од тие нелегално снимени материјали се наведува дека јас го споменувам премиерот Зоран Заев. Категорично и одговорно тврдам дека со премиерот Зоран Заев сум имал средби кога гостувал во 1ТВ и сум имал средби во врска со активности поврзани со Meѓународен Сојуз Скопје, категорично и одговорно тврдам дека никогаш со премиерот Зоран Заев не сум имал разговори поврзани со таканаречениот случај ‘Рекет’.

Неговото име кое се споменува е извадено од контекст со цел дискредитација и компромитација. Во разговорот кадешто јас го споменувам името на премиерот Зоран Заев бев наведен од страна на соговорникот кој постојано инсистираше да го споменам неговото име и постојано поставуваше прашања за Зоран Заев, а јас непромислено сум го споменал неговото име, Зоран Заев, со цел да добијам на важност во разговорот со Јордан Камчев.

Во однос на грубите и бесмислени текстови кои се пласираат низ балканските медиуми дека јас сум имал некакви (непостоечки) докази поврзани со премиерот Зоран Заев и косовски политичар, Хардинај (кој патем, не знам ни како изгледа), ги отфрлам целосно, како бесмислени, категорично тврдам дека се груби лаги и ги осудувам како крајно непрофесионални и трагични за новинарската професија.

Во однос на тенденциозните шпекулации дека јас сум поседувал слики од СЈО, ги отфрлам целосно и категорично како невистинити.

Сакам да потенцирам дека ниту јас, ниту мојата мајка, ниту било кој друг од моето семејство има било какви докази.

Апелирам и замолувам да го оставите на мира моето семејство нанесувајќи им штета и загрозување на нивната безбедност со овие груби лаги.

Апелирам и замолувам, како рамноправен граѓанин на оваа држава, сите надлежни институции да ги превземат сите законски форми на заштита за безбедност за моето семејство, стои во писмото на Бојан Јовановски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Владата заклучи: 24 април (среда) и 8 мај да бидат неработни денови за сите граѓани

На 16. седница, Владата заклучи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на...

Да бидеме хумани! Апел за помош на Сашо Лазаровски кој по вторпат се бори со рак

Сашо Лазаровски има потреба од нашата помош. Битолчанецот, кој еднаш го победи ракот на белите дробови, сега повторно води тешка борба со оваа опака...

Таравари: Ќе гo забраниме коцкањето и брзите кредити, идната Влада ќе ги покрива долговите на граѓаните од брзи кредити“, рече Таравари

Претседателскиот кандидат Арбен Таравари денеска оствари важна посета на градот Струга, каде се разговараше за различни прашања во заедницата, почнувајќи од здравствените работници до...

Давкова: Денес во Валандово се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов.

Во пријатната атмосфера, денес, во неговиот роден град Валандово, се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов. Имавме можност да поразговаравме за многу...