8.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаСветСопственикот на ТикТок за време на Коронавирусот заработал вртолглави 5,64 милијарди американски...

Сопственикот на ТикТок за време на Коронавирусот заработал вртолглави 5,64 милијарди американски долари

Технолошката компанија од Пекинг, ByteDance, сопственик на апликацијата „TikTok“, оствари приход од околу 40 милијарди јуани (5,64 милијарди американски долари) во првиот квартал, што е за 130 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година.

Клучен е придонесот од луѓето кои остануваат дома за време на корона кризата.

Целните приходи на ByteDance за 2020 година изнесуваат околу 200 милијарди јуани (26 милијарди долари). ByteDance сака да достигне половина од приходите на ривалот Tencent Holdings, изјавија информирани извори.

Тенсент, водечка кинеска компанија за социјални медиуми и видео игри, објави приход од скоро 377 милијарди јуани во 2019 година.

Апликациите ByteDance забележаа големо зголемување на употребата за време на пикот на пандемијата на „ковид-19“, затоа што луѓето остануваа дома и ги користеа заради мерките за ограничување.

Повеќето од приходите на ByteDence главно доаѓаат од рекламирање на нејзините апликации во Кина, вклучувајќи ја и апликацијата за собирање вести Џинри Тутиао, како и домашната верзија на „ТикТок“, велат извори.

Пред ByteDance, на кинескиот рекламен пазар доминираа Алибаба, пребарувачот Баиду и Тенсент.

ByteDance неодамна беше проценет на 95 од 140 милијарди американски долари на приватниот пазар за секундарно тргување, соопштија два извори.

Компанијата се обидува да го развие и зголеми приходот на „TikTok“ , па минатиот месец го назначи поранешниот извршен директор на Волт Дизни, Кевин Мајер, за нов извршен директор на „ТикТок“.

извор: канал 5

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...

Доживотен затвор за кочанскиот монструм кој уби жена со 41 убод од нож

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за...

Ахмети на импровизирана седница го избра Села за претседател на Собранието, ги усвои и измените на Уставот!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го прогласи лидерот на Алијанса за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села за претседател на Собранието на Македонија,...

ВМРО-ДПМНЕ традиционално ја стартува кампањата од Охрид, вечерва митинг на Градскиот плоштад

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, со голем народен митинг, вечерва традиционално ќе ја започнат кампањата за парламентарните избори од Охрид. На настанот, кој со почеток...