9.4 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаАнгел Џамбаски од Бугарија: Гробот на Гоце Делчев во Скопје е празен...

Ангел Џамбаски од Бугарија: Гробот на Гоце Делчев во Скопје е празен неговите коските се во Бугарија !!!

Од серијата шокантни искази на европратеникот Ангел Џамбаски од Бугарија во
видеоконференцијата на неговиот профил на Фејсбук се издвојува „епохалното“ откритие за гробот на апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев.
„Гробот на Гоце Делчев никогаш не бил во Скопје. Тој е во село Баница, близу Сер, каде што е убиен во 1903 година. Таму е погребан.

Потоа дел од коските му се извадени и се пренесени во Бугарија, само рацете и главата. И потоа кога доаѓаат смрдените комунисти, комуњарите, Југословените, Бугарската комунистичка партија, предавниците комунисти, ги предаваат главата и рацете на Гоце Делчев на српските/југословенските комунисти. Во Скопје имате само една камена вазна, а што има во таа камена вазна никој не знае.

Колку што знам, таму нема ништо. Колку што знам, коските на Гоце Делчев што ги зеле југословенските комунисти од Софија се фрлени по патот натаму! Така што, гробот на Гоце Делчев не е во Скопје, никогаш и не бил, туку во село Баница, каде што е убиен. Читајте малку“, порача потпретседателот на софиската ВМРО на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Наспроти тврдењето на Џамбаски (на видеото околу 56. минута) стои историскиот факт дека на 7 октомври 1946 година, со голема свеченост и со највисоки почести, од Софија биле испратени посмртните останки на кукушкиот војвода во Скопје, со што е исполнет неговиот аманет да почива во главниот град на слободна Македонија. Минувајќи низ Пиринска Македонија и низ повеќе градови на тогашна Народна Република Македонија, останките на Делчев со највисоки државни и воени почести биле пречекани во Скопје и положени во камен саркофаг во црквата „Св. Спас“
извор: exspres,mk

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...