9.6 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче:Денес или утре ќе ги објавиме сите 450 лица кои не ги...

Филипче:Денес или утре ќе ги објавиме сите 450 лица кои не ги примаат решенијата за самоизолација

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека денеска или најдоцна утре јавно ќе бидат објавени имињата на луѓето кои не сакаат да ги примат решенијата за самоизолација, а станува збор за 450 такви решенија.

-Утрово уште еднаш дискутиравме на состанокот на Комисијата за заразни болести како да го решиме овој проблем. Станува збор за 450 решенија за кои очекувавме помош од МВР, но тие не се поделија, ги вратија назад. Веројатно дека денеска или најдоцна утре ќе започнеме таканаречена јавна објава зашто, едноставно, луѓето не се достапни или даваат погрешни податоци во анкетните листови. Тоа се луѓе кои се огромен ризик ако се асимптоматски носители на вирусот и доколку се движат помеѓу луѓе и непочитуваат самоизолација може болеста да ја шират. Така што, сметам дека овие денови и тоа ќе биде решено, изјави Филипче при денешната посета на Прилеп одговарајќи на новинарско прашање.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малолетен учник претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае.

Малолетен учник под 14 години претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае. Насилниот ученик најпрвин нападнал неколку деца, а кога наставничката...

Боки 13: Вилма Рускоска на прославата од 1-Тв беше пијана, се вртеше како Рингишпил.

По повеќегодишна медиумска апстиненција и 4 години поминати во затвор, Боки 13 вечерва гостува во поткастот на Стефан Лазаров. Како и секогаш, искрен и без...

Боки 13: Со Шарената Револуција почна рекетот во Македонија.

Шарена Револуција од овој аспект сметам дека беше политички инструмент. Покрај алатка за да стигне до власт, тука е почнат рекетот во Македонија. Тука...

Ковачевски се надоврза на Ахмети и Мицкоски: Овие избори не се за бисквити и гурабии, туку се клучни за иднината

Кога ќе слушнам заканувачки тонови, тоа веднаш ме потсетува на она што се случи пред дваесет и нешто години по планините околу нас, рече...