5.6 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаШилегов на „Бекстејџ“: Еве имам две уши џабе ме сечеше Бујар Османи...

Шилегов на „Бекстејџ“: Еве имам две уши џабе ме сечеше Бујар Османи на фотошоп

Не знам зошто Османи го направил тоа, а притоа го заборавил моето уво. Тој си го доби на социјалните мрежи, бидејќи тоа го направи сосема непотребно. Еве го едното уво, а еве го другото уво. Со две уши сум, добро се слушаме – рече Шилегов.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов во најновото издание на емисијата „Бекстејџ“ вели дека воопшто не го засегаат коментарите на социјалните мрежи, па како што додава, слатко се смее кога некој ќе напише за него дека е пијандура.

– Луѓето на социјалните мрежи пишуваат дека сум пијандура. Тоа им се коментарите. Се обидуваат да ми пронајдат слаба точка, но не можат да ја најдат, па затоа велат дека сум пијандура. Супер бе, дечко, нема проблем. И јас што треба да му коментирам на таков човек? Така што, воопшто не ме засегаат таквите коментари. Слатко си се смеам на тие приказни, а тоа повеќе зборува за промашените животи на коментаторите, отколку на состојбата на коментирањето – рече Шилегов.

На прашањето како ќе ја искоментира фото-монтажата што пред некој ден ја објави вицепремиерот Бујар Османи, а на која се гледа дека тој ги изоставил луѓето зад него (вклучувајќи го и градоначалникот) со цел да биде сам во кадарот со папата Франциско, Шилегов рече дека му било многу чудно.

– Не знам зошто Османи го направил тоа, а притоа го заборавил моето уво. Тој си го доби на социјалните мрежи, бидејќи тоа го направи сосема непотребно. Еве го едното уво, а еве го другото уво. Со две уши сум, добро се слушаме – рече Шилегов.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...