7.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаИсторија107 ГОДИНИ ОД МАКЕДОНСКОТО ТИКВЕШКО ВОСТАНИЕ- Српската војска извршила невидени ѕверства

107 ГОДИНИ ОД МАКЕДОНСКОТО ТИКВЕШКО ВОСТАНИЕ- Српската војска извршила невидени ѕверства

19 јуни 2020 година, Кавадарци, Македонија – Денес се навршуваат 107 години од македонското Тиквешко востание против српската окупаторска власт во Македонија!

Тиквешкото востание е прв организиран масовен народен вооружен отпор на Македонците против српската власт којашто го окупирала Вардарскиот дел на Македонија по повлекувањето на турските сили по Првата балканска војна.

Востанието започнало на 19 јуни 1913 година во Тиквешијата и траело седум дена. Тиквешкото востание е самостојно дело на Македонците од Тиквешијата, спонтано организирано и раководено од месните дејци, револуционери и војводи на Организацијата, а потпомогнато од четите на ВМРО.

После седум дена Србите испраќаат голема војска предводена од Василие Трбиќ, како и од Јован Бабунски и Јован Долгач. На помош на српската војска се приклучува и башибозукот на Јаја Ага со 250 вооружени души.

Тиквешките востаници заедно со четите на војводите Христо Чернопеев и Петар Чаулев се оставени сами да се соочат со српската војска, но не успеваат во своите напори.

Во востанието загинале околу 1.000 Македонци од Тиквешијата, од кои на 500 со сигурност им се знаат имињата. Меѓу нив голем број мажи, жени, деца и старци биле убиени, заклани и живи изгорени.

150 кавадарчани се врзани на колје во центарот на градот и се оставени да висат 30 часа под пеколното сонце, а после тоа заедно со уште 50 други кавадарчани се одведени во месноста Полјаната и стрелани.

 

Запалени биле над илјада куќи, а околу 2.700 луѓе биле затворени. Српската војска вршела страшен терор и во реонот околу Криволак – колеле луѓе, а во фурни ги гореле децата.

Тиквешкото востание долго време беше премолчувано во македонската историографија поради белградските врховисти на власт во Македонија.

Вечна им слава и памјат на сите Македонци загинати и ѕверски убиени во Македонското Тиквешко востание… Амин!

Тодор Петров – Светски Македонски Конгрес

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...