8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаНаќе Чулев во битолска офанзива на делење нестерилни заштитно маски!

Наќе Чулев во битолска офанзива на делење нестерилни заштитно маски!

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев вчера беше во работна посета на СВР Битола, каде што, како што соопштија од МВР, бил запознаен со мерките и активностите што се преземаат за справувањето со пандемијата од коронавирусот.

По посетата на СВР Битола, Чулев продолжи со организирано делење на заштитни маски на Широк Сокак, онака патриотски не стерилизирани маски, од поевтините?!

Она што е загрижувачко, е што маските кои ги делеше беа претходно отворени и истите беа делени без носење на заштитни ракавици. Ова значи дека поделените маски беа нестерилни и потенцијално опасни за граѓаните кои ги добија.

Ваквото однесување е недозволиво. Во услови на глобална пандемија каде сите треба да се максимално заштитени, недозволиво е оној кој треба да ги штити граѓаните и нивното здравје, да ги загрозува со неодговорни постапки и невнимателно ракување со заштитната опрема.

Наќе Чулев, за жал, со своите неодговорни постапки, потфрли и во овој обид да привлече граѓани. После неговите скандалозни изјави дека нема да казнува верници и нема да влегува во домовите на луѓето за да ги казни непочитувачите на мерките за заштита од Ковид-19, Наќе Чулев уште еднаш покажува дека неговиот несериозен пристап кон функцијата го доведува во опасност здравјето на граѓаните.

ohrid sky

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...