24.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаВидео- Бомба експлодирала во објект сопственост на Владо Мисајловски од ВМРО...

Видео- Бомба експлодирала во објект сопственост на Владо Мисајловски од ВМРО ДПМНЕ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во семејната продавница на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски доцна синоќа била фрлена експлозивна направа.

<

Мисајловски вели дека нема човечки жртви и причинета е материјална штета, споделувајќи и видео од настанот на социјалните мрежи.

„Околу 3 часот наутро во малата продавница на главната улица во Ѓорче Петров која што моето семејство ја работи со децении, фрлена е експлозивна направа и причинета е материјална штета. Фала му на Бога нема човечки жртви ниту некој е повреден. На свовиден начин се продолжува пироманската традиција откако претходно во текот на изборите 2017 година имаше пожар во мојот дом“, пишува Мисајловски додавајќи дека нема да навлегува кој стоел зад нарачката, но верува дека ова е порака до него пред стартот на кампањата за изборите

За овој настан, информираше и МВР во дневниот билтен, од каде велат дека постои основано сомнение оти станува збор за подметната експлозивна направа.

„На 21.06.2020 во 03.40 часот било пријавено дека на ул.“Ѓорче Петров“ излегува чад од пекара сопственост на Б.М. (62), а претходно се слушнало детонација. По пристигнување на полициските службеници на местото на настанот забележано е дека влезната врата е целосно извадена од лежиштето и причинета е материјална штета, па постои основано сомнение дека се работи за подметната експлозивна направа. Повредени нема. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.

Линк до видеото

 

blob:https://www.facebook.com/e0c014a0-ebe1-474a-8077-9b907e28986e

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Автопатот Скопје-Тетово затворен во двата правци

Автопатот Скопје – Тетово е целосно затворен за сообраќај во двата правци, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Граѓаните се повикуваат...

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....