13.9 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаМакедонијаБугарски европратеник се закани: Со малку ќотек Македонија ќе биде дел од...

Бугарски европратеник се закани: Со малку ќотек Македонија ќе биде дел од Бугарија

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски од партијата на вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов се надмина себеси во видеоконференцијата на неговиот Фејсбук-профил на тема „Геополитика и транспортни коридори на Балканот“.

„Се обраќам кон сите наши неосознаени браќа во Македонија и кон тие што се со измиени мозоци, просрпски настроените и кон тие што мислат дека се потомци на Александар Македонски. Не сте. Александар Македонски е Грк. Сите вие имате бугарско потекло. Но, не берете гајле. Бидете спокојни, сè ќе биде в ред. Ние не сме непријатели. Знаеме дека дел од вас се плашат, знаеме дека дел од вас се српски слуги, но сè ќе си дојде со време. Македонија ќе биде дел од Бугарија, ќе биде дел од Европската унија. Македонија е бугарска, вие го знаете тоа. Вие го знаете јазикот на кој зборувам и знаете дека тоа е истиот јазик. Ниту грчкиот е истиот, ниту српскиот, тоа добро го знаете, а добро знаете идека албанскиот исто така не е истиот. Добро знаете дека Албанците ви дишат во вратот. Така што, браќа, успокојте се, размислете внимателно. Вие сте добри Бугари, но сè уштене сте осознаени. Треба да помине малку време. Немајте гајле. Со кроце, со и со малце ќотек, сè ќе си дојде на место, вели Џамбаски.

blob:https://www.facebook.com/8054b005-733e-437c-b150-e0ea88f96528

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Државата е оштетена за над 2,5 милиони евра- ДОБИВАЛЕ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ ИАКО НЕ ТРЕБАЛО“

Повеќе од илјада граѓани добивале социјална помош иако според правилата не трбало да добиваат, соопшти министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска...

Влада: 24 април и 8 мај се неработни денови, се препорачува и приватниот сектор да не работи

Деновите кога ќе се одржат изборите за претседател на Македонија и за пратеници во Собранието се прогласени за неработни денови за сите граѓани на...

Пецаков уште еднаш им одговори на сите што сакаат да го оцрнат предизборно !

🗣Со оглед на тоа дека бев прозван од некои иницијативи и медиуми во врска со изградба на хотел во месноста Горица, а во интерес...

Голема акција во Идризово: Уапсени 17 затворски полицајци, веќе се однесени во Суд

Во голема акција во затворот Идризово утрово, уапсени се 17 припадници на затворската полиција, кои веќе се во Суд. Акцијата ја води Обвинителството за организиран...