8.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаВработени сведочат за општ хаос во „8 септември“: Се штеди на опрема,...

Вработени сведочат за општ хаос во „8 септември“: Се штеди на опрема, вработените на пералната приморани се постелнината на заразените да ја собираат без никаква заштита на нив.

Огромен револт изразија дел од вработените во ГОБ „8 Септември“ поради лошите услови за работа. Во разговор за Фактор велат дека ризикот од заразување со корона вирусот меѓу нив самите, од ден на ден станува се поголем.

Во оваа скопска болница, каде до сега се сместени најголемиот број пациенти со најтешка клиничка слика, а само до вчера беа 133, дел од одделенијата постојано се пренаменуваат за пациентите со Ковид-19.

– Во болницата се сместени и дел од медицинскиот персонал кој се зарази со вирусот. Најголемиот товар паѓа на медицинските сестри, кои тука буквално преспиваат. Позитивна е главната сестра од интерното одделение, хоспитализирана е главната сестра од гастро со тешка клиничка слика. Има позитивни на корона вирусот од интензивната нега, а таму се сместени пациенти со кардиоваскуларни заболувања. Тие пациенти сега се пренесени на неврологија, секој ден нешто се менува. Навистина е општ хаос, преморени сме веќе – велат за Фактор дел од револтираните вработени во ГОБ „8 Септември“, тријажниот центар за корона вирусот во Скопје.

Појаснуваат дека невозможна е состојбата и за оние пак кои работат во пералната. Велат дека се неадекватно заштитетни, а секодјневно доаѓаат во контакт со постелнината, навлаките од перниците, болничката облека од пациентите кои се хоспитализирани.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...