9.6 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаКомисијата за заразни болести најавува нови рестрикции, се бара помош од градоначалницитете.

Комисијата за заразни болести најавува нови рестрикции, се бара помош од градоначалницитете.

Утре се очекува да има состанок на членовите на Комисијата за заразни болести со градоначалниците на скопските општини на кој ќе се разговара за можностите на локалните самоуправи да се вклучат во справувањето во коронавирусот.

Комисијата за заразни болести во петокот излезе со соопштение дека мора на секое ниво да се јакне свеста за превенција од вирусот, а градоначалниците треба посилно да помогнат во справувањето со растечкиот број на заразени од коронавирусот.

Во моментов во државаа има 40 кластери од кои се шири вирусот и според епидемиолозите, тоа е резултат на непочитувањето на мерките за лична заштита, дистанца и избегнување групирања и собири.

Најмногу инфицирани со Ковид – 19 има во Скопје, од кои најповеќе се евидентирани во општина Чаир.

Според дел од информациите, не е исклучена и можноста да се побара повторно полициски час од 22 часот до 05 часот, со што би се ограничило движењето во доцните часови, кои е најмалку важно и претежно се користи за задоволства и луксузирање.

Сепак, официјални информации се уште нема, а помалку веројатно е дека би можело да се побара карантин меѓу општините, што би значело дека од една во друга општина нема да може да движат граѓаните кои ќе немаат дозволи за работа.

Утрешниот ден по многу работи ќе биде интересен и важен за начинот на кој ќе продолжи да функционира државата во справувањето со корона вирусот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малолетен учник претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае.

Малолетен учник под 14 години претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае. Насилниот ученик најпрвин нападнал неколку деца, а кога наставничката...

Боки 13: Вилма Рускоска на прославата од 1-Тв беше пијана, се вртеше како Рингишпил.

По повеќегодишна медиумска апстиненција и 4 години поминати во затвор, Боки 13 вечерва гостува во поткастот на Стефан Лазаров. Како и секогаш, искрен и без...

Боки 13: Со Шарената Револуција почна рекетот во Македонија.

Шарена Револуција од овој аспект сметам дека беше политички инструмент. Покрај алатка за да стигне до власт, тука е почнат рекетот во Македонија. Тука...

Ковачевски се надоврза на Ахмети и Мицкоски: Овие избори не се за бисквити и гурабии, туку се клучни за иднината

Кога ќе слушнам заканувачки тонови, тоа веднаш ме потсетува на она што се случи пред дваесет и нешто години по планините околу нас, рече...