9.3 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаСветМајчинска Љубов: Баба Олга на свои 77 години на грб сеуше го...

Мајчинска Љубов: Баба Олга на свои 77 години на грб сеуше го носи својот неподвижен 59 годишен син.

spot_imgspot_img

Предраг Бошковиќ (59) од Косјериќ, Србија, од раѓање се бори со церебрална парализа. Каде и да одел, одел на рамената на мајка си, за која вели дека е мајка-храброст.

– Својот живот ми го подари мене – вели Предраг.

Олга била подготвена да помести и планини за нејзиниот син и нашла начин како да му помогне – кога бил мал го носела на училиште, а денес, иако има 77 години, го става на грб и го носи до тремот, каде што тој има резбарска работилница. Предраг почнал да се занимава со тој занает пред 30 години. Сè што ќе види, може да го направи со една рака. А занаетот го учел од стар столар.

– Ми се чини дека имав некој талент во мене – вели тој скромно.

Во куќата стара 120 години Предраг живее опкружен со работи што самиот ги направил. Ниедна техника не му е непозната, од гравирање до декупаж. Секој предмет што ќе излезе од неговата работилница е нов подвиг.

Само со таквите успеси Предраг го мери времето.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...