6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски до Дуи: На Македонците им е преку глава од вас !!!!

Мицкоски до Дуи: На Македонците им е преку глава од вас !!!!

„ДУИ изгледа се чувствува прекомфорно и комотно во оваа тригодишна коалиција со СДСМ и мисли дека начинот на кој што функционира со СДСМ такви се сите останати политички партии. Она кое што сакам да им го порачам е да внимаваат како се однесуваат бидејќи на Македонците но и на останатите граѓани во Македонија им е дојдено веќе преку глава да бидат граѓани од втор ред и таков тип на барања може да ги задржат само во сопствените редови за храбрење и мотивација на сопственото членство“,изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,Христијан Мицкоски, денеска од Куманово.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која се обраќа на сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност во Македонија и им порача како политичка партија дека ваквата реторика и ваквиот начин на однесување не само што не носи добро туку напротив ја заострува ситуацијата во нашата држава.

– Ние ќе одговориме соодветно затоа што поминаа времињата кога ДУИ ќе се чувствува комотно и романтично во Владата на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е победник на следните предвремени парламентарни избори заедно со Коалицијата „За обнова на Македонија“ и како што кажав преку глава им е на Македонците но и останатите граѓани во оваа држава да бидат граѓани од втор ред. Ќе им порачам да внимаваат од сега па натаму како се однесуваат и какви пораки рефлектираат во јавноста затоа што тоа не е добро за сите етнички заедници вклучително и за албанската етничка заедница во нашата држава, додаде Мицкоски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...