14.9 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаСветНастанаа немири во Германија: Полицијата нападната со метални шипки, жителите не сакаат...

Настанаа немири во Германија: Полицијата нападната со метални шипки, жителите не сакаат карантин и одбиваат да носат заштитни маски !!!

Полицијата во Германија соопшти дека десетици луѓе се приведени на протестите во неколку града против рестрикциите воведени поради пандемијата од коронавирусот. До ова дојде откако некои од вчерашните протести прераснаа во насилни.

Полицијата во Берлин соопшти дека 86 луѓе се притворени откако фрлале шишиња и метални шипки кон полицајците на демонстранциите кои се одржаа на Алексадерплац, главниот плоштад на поранешен источен Берлин. Најмалку еден полицаец е повреден.

Во западниот град Дортмунд, полицијата соопшти дека маж нападанал телевизиска екипа која известувала од протестот што е трет ваков напад во Германија во последните две недели. 23 годишникот, кој ја нападнал екипата, е приведен.

Полицијата во Келн соопшти дека некои од демонстрантите барале од купувачите да ги тргнат маските од лице кога влегуваат во продавница.
Во Минхен, полицијата на мегафони им се обрати на демонстрантите со барање да одржуваат физичка дистанца за да го намалат ризикот од инфекција. Протестите во Германија доаѓаат во време на постепено олеснување на мерките за заштита од коронавирусот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Влада: 24 април и 8 мај се неработни денови, се препорачува и приватниот сектор да не работи

Деновите кога ќе се одржат изборите за претседател на Македонија и за пратеници во Собранието се прогласени за неработни денови за сите граѓани на...

Пецаков уште еднаш им одговори на сите што сакаат да го оцрнат предизборно !

🗣Со оглед на тоа дека бев прозван од некои иницијативи и медиуми во врска со изградба на хотел во месноста Горица, а во интерес...

Голема акција во Идризово: Уапсени 17 затворски полицајци, веќе се однесени во Суд

Во голема акција во затворот Идризово утрово, уапсени се 17 припадници на затворската полиција, кои веќе се во Суд. Акцијата ја води Обвинителството за организиран...

О2: Мијалкови започнаа да градат луксузен хотел во Охрид, уништена шума стара 70 години

Во Охрид, над Горица 3 започнува градба на хотел, а за таа цел е унишена стара шума над 70 години која ја засадиле жители...