11.9 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаМакедонијаБитола доби лабораторија за ковид-19 со капацитет од 50 тестирања за еден...

Битола доби лабораторија за ковид-19 со капацитет од 50 тестирања за еден ден.

За само два месеци по иницијативата Битола да добие лабораторија за испитување на ковид-19, од денес во Центарот за јавно здравје во Битола е ставена во функција лабораторијата за молекуларна дијагностика, единствена од ваков вид во државата, надвор од Скопје.

– Лабораторијата се отвори со донација на фабриката „Кромберг и Шуберт“ која набави апарат во вредност од 30.000 евра, а со согласност на градоначалнинчката и Советот на Општина Битола се доделија 10.000 евра, а потоа следуваа и други донатори. Центарот за јавно здравје е регионален центар и ги покрива општините Битола, Ресен, Кичево и Демир Хисар. Предноста ќе биде што кавалитетно и за многу кратко време ќе се добиваат резултатите што сега ги носиме во Скопје, па ги чекаме. Инаку е планирано да прерасниме и во регионален, што значи Прилеп и Охрид да ги тестираме овде. Имаме стручен кадар со два тима, двајца доктори и четири лаборанти кои ќе бидат во смени. Почнуваме со капацитет од 50 тестирања и со можност во иднина да го заголемиме капацитетот – рече директорката на ЦЈЗ Елизабета Крстевска.

Градоначалничката Наташа Петровска упати благодарност до менаџерскиот тим и посочи дека изградбата и функционирањето на оваа лабораторија е доказ дека можат да се направат сериозни поместувања кога бизнис заедницата и локалната самоуправа делуваат синхронизирано.

– Во исклучително сезнитивен период кога се соочуваме со пандемија се отвора оваа лабораторија која е од исклучително значење за Битола но и за целиот регион зашто навременото согледување на ситуацијата и здравствената состојба е најдобрата превентива за да нема загрозување на други граѓани. Со самото тоа што овде ќе се изработуваат резултатит,е побрзо ќе ја имаме и севкупната слика на можни заболени на локално ниво – рече Петровска.

Заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, кој присуствуваше на отворањето на регионалниот центар за тестирање од КОВИД-19, ја посочи важноста на лабораторијата, со оглед на фактот дека пандемијата на светско ниво ќе трае подолг период.

– Во изминатиот период и централната и локалните власти покажаа навистина една висока одговорност во однос на заштита на здравјето на граѓаните и вакви иницијативи ќе има се повеќе во иднина, бидејќи е од јавен интерес и е од огромно значење на граѓаните – истакна Павлески.

Стандардите на Светската здравствена организација за изградба на ваков вид лаборатории се многу строги, а истите се целосно застапени во битолската лабораторија. Општина Битола доби специјална благодарница за придонесот на новата лабораторија.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Владата заклучи: 24 април (среда) и 8 мај да бидат неработни денови за сите граѓани

На 16. седница, Владата заклучи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на...

Да бидеме хумани! Апел за помош на Сашо Лазаровски кој по вторпат се бори со рак

Сашо Лазаровски има потреба од нашата помош. Битолчанецот, кој еднаш го победи ракот на белите дробови, сега повторно води тешка борба со оваа опака...

Таравари: Ќе гo забраниме коцкањето и брзите кредити, идната Влада ќе ги покрива долговите на граѓаните од брзи кредити“, рече Таравари

Претседателскиот кандидат Арбен Таравари денеска оствари важна посета на градот Струга, каде се разговараше за различни прашања во заедницата, почнувајќи од здравствените работници до...

Давкова: Денес во Валандово се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов.

Во пријатната атмосфера, денес, во неговиот роден град Валандово, се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов. Имавме можност да поразговаравме за многу...