10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаСе огласи Вили Гајда Михаjловски: Jас како еден од осудените уставобранители ќе...

Се огласи Вили Гајда Михаjловски: Jас како еден од осудените уставобранители ќе го дадам мојот глас за изборите за оној што ќе го врати нашето свето име !!

На фан страната Слобода за Вили денес беше напишан статус во врска со претстојните избори:

Почитувани пријатели, после бурните реакции во врска со моите постови, да ви пишам неколку збора.
Бидејќи преку партиските послушници ме поздравувате и се запрашувате за кого ќе ја дадам мојата поддршка на предстојните избори,јавно ќе ви пишам на кого ќе ја дадам.
Веќе подолго време се размислувам на кого да ја дадам својата поддршка на овие парламентарни избори и имам неколку услови за да некоја политичка партија ја добие мојата поддршката и тоа :

– Барам некој водач на партија да излезе јавно на телевизија,односно дебатна емисија,и јасно и гласно да каже дека Ќе го отворат УСТАВОТ и ќе го вратат нашето уставно име РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!.

– Ќе ја дадам поддршката на онаа партија која ќе излезе на телевизија и јасно и гласно ќе вети дека после промената на власта, на Заев ќе донесе ПРАВДА за 27 Април за сите нас кои гниеме во затвор за дело кое не сме го сториле!.

– Поддршката моја ќе ја добие онаа партија која ќе излезе на телевизија и јасно и гласно ќе каже дека законот за двојазичност на ниво на цела Република Македонија ќе се поништи и ќе го вратат законот за јазици како што и беше односно да има двојазичност во оние делови во кои има повеќе од 20% албанско население!.

Овие се моите услови за да мојата поддршка ја дадам на некоја политичка партија.
Ќе ве замолам да не ми праќате луѓе дома бидејќи не можете да извршите влијание преку било кој додека не ги исполните овие мои услови!.
Сега за сега мојата поддршка единствено ја има само една партија и таа партија се вика МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНСКИОД НАРОД !!!
Да живее Република Македонија!!!!
Да живее МАКЕДОНЕЦОТ!!!!

Во целост ви ја прикажуваме објавата:

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...