9.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаАрмијата доби нови униформи без идентитет име и држава. (Видео)

Армијата доби нови униформи без идентитет име и држава. (Видео)

spot_imgspot_img

Новите униформи на македонските војници сè уште без идентитет, име и држава. На истите го има само македонското знаме и чинот на припадниците на Армијата. Иако никаде не пишува чија земја ќе бранат војниците, министерката Шеќеринска им порача дека така ја личело Армијата, посакувајќи им, со здравје да си ја носат новата униформа.

“Ви посакам да ја носите оваа униформа со чест и достоинство и како силно и секојдневно потсетување дека посветената работа секогаш носи резултат” – изјави министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.

За разлика од припадниците на Армијата, полициската униформа е со новото име на државата. Согласно доворот од Преспа власта го смени името во уставот, на личните документи, патоказните табли, граничните премини, аеродромите, државните институции. Македонија стана Северна, државјанството македонско/граѓани на Република Северна Македонија, јазикот македонски, но со фуснота дека припаѓа на словенската група јазици. И во свидетелствата на учениците веќе се применува новото име.

Табли за дообјаснување на споменици дека и припаѓаат на античката хеленска историја, нови регистарски таблички, во превод – новата придавка ја имаме секаде, па дури и онаму каде се уште не сме обврзани. Сепак сегашната влада побрза и овие обврски да ги исполни. Дури и сонцето од Кутлеш се отстранува од сите јавни простори. И на продуктите произведени кај нас веќе стои новото име.

Инаку, на денешната промоцијата на новите униформи Шеќеринска го дискредитираше Синдикатот за одбрана и безбедност, со тврдење дека нема членови и е во фаза на распаѓање. Ова следи откако Синдикатот неодамна изрази револт поради двојните аршини во Министерството. Велат, немале ниту денар за додатоци и надоместоци на плата, но затоа во тимот на министерката редовно си земале пари за надоместоци и прекувремена работа.

Ања Василева
алфа тв

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...