9.4 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаГерманската полиција изутринава разби криминална група од Грција, Македонија, Косово и Албанија

Германската полиција изутринава разби криминална група од Грција, Македонија, Косово и Албанија

Германската полиција изутринава започна акција во Берлин против меѓународна криминална група, која е специјализирана за шверц со луѓе.

Полицијата изврши претрес во вкупно 11 објекти и издаде налог за апсење на еден албански државјанин, соопшти портпарол на полицијата.

Во станот на осомничениот биле откриени четири лица, за кои постои сомнеж дека се жртви на шверц со луѓе. Исто така, пронајдени се и повеќе документи, меѓу кои и пасоши.

– Во потрага сме по докази, со цел да се уапси групата осомничени, се додава во полициското соопштение.

Според весникот „Билд“, криминалната група е составена од членови со потекло од Грција, Македонија, Косово, Албанија, но и од Германија. Тие главно патувале со автобуси и авиони како туристи во Германија, каде бандата им давала лажни грчки или италијански дозволи за работа.

Цената е формирана зависно од квалитетот на фалсификуваните документи, а познато е дека морале да плаќаат меѓу 5.000 и 9.000 евра по лице. Воспоставувањето контакт со бандата е овозможено преку локални туристички агенции, а на „клиентите“ времено им се давале на користење и станови во Берлин.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...